Можеме ли со мислите да влијаеме на нашето тело?
Сите знаат дека психолошките фактори се мошне поврзани со нашето тело. Многу пати сме биле во ситуација во која сме напнати или лути, додека истовремено чувствувавме горење во стомакот. Исто така, знаеме дека за време на спиењето нашиот ум влегува во други состојби на свест, додека нашето цело тело се релаксира и регенерира.
Сепак, малкумина се запознаени со резултатите од истражувањата кои покажуваат дека постојат јасни знаци како нашите мисли влијаат на состојбата на нашето тело.
Бројни истражувања покажуваат дека позитивните мисли, верувања, начин на живеење и расположение, предизвикуваат позитивни физиолошки реакции. Од друга страна, докажано е дека песимизмот, срамот, бесот и стравот негативно влијаат на човечкото тело.
Позитивното размислување влијае на невроните во мозокот, предизвикувајќи хемиски промени кои доведуваат до намалување на нивото на хормонот на стресот, додека негативните мисли имаат спротивен ефект.
Луѓето кои страдаат од депресија имаат проблеми со функционирањето на тироидната жлезда. Секоја мисла и емоција ја прати одредена телесна реакција, но нашето тело не ја препознава разликата помеѓу настаните кои се вистински закани и оние кои се во нашиот ум.
Негативните мисли можат да бидат причина за главоболки, губење на енергија, зголемен крвен притисок, дигестивни нарушувања, сексуална дисфункција, губење на тежината или зголемување на телесната тежина, несоница, мускулна вкочанетост и сл.
Негативните расположенија со пократко траење не го загрозуваат здравјето, бидејќи телото го активира својот систем за заштита во таквите ситуации. Затоа потиснувањето на негативните мисли и емоции не е корисно за нашиот организам.
Некои од придобивките од позитивното размислување се: намален ризик од срцеви заболувања и проблеми со дигестивниот, респираторниот и ендокриниот систем.
Освен што влијаат на нашиот организам, емоциите влијаат и врз нашите интелектуални способности. На пример, покреативни сме, поинтелигентни и пофокусирани ако сме во состојба на задоволство, благодарност, сочувство и слични пријатни чувства.
Мислата е моќно средство. Кога некоја мисла или желба ја повторуваме неколку пати дневно, фокусирајќи се на нашиот развој, исцелување, богатство, тогаш истата дејствува на нашиот живот во таа насока и може да се нарече афирмација. Афирмација може да биде која било едноставна реченица и желба.
Што вели науката? Швајцарскиот лекар, Ханс Џени, успеа да докаже дека мислите влијаат на материјата. Тој ја основал дисциплината наречена киматика, која го проучува влијанието на вибрациите (звукот) врз формирањето на материјата.
Џени за своите експерименти користел фреквенциски генератори, преку кои ги пренесувал звучните фреквенции на плоча со песок. Овој експеримент покажа дека одредени вибрации можат да обликуваат одредена материја.
Истражувањата потврдуваат дека примена на некои техники за релаксација, како медитација, јога, креативни работилници како танц, ликовно изразување и сл., позитивно влијаат на расположението, ни помагаат да ги запреме непосакуваните и потенцијално штетните мисли, со што влијаеме на нашето здравје и долговечност.
Ашера | Црнобело