9 знаци дека треба да престанете да се трудите толку многу (и ќе ви биде подобро)
Ако има здодевна задача што никој не сака да ја заврши, дали секогаш вие сте тој што ја презема? Намалете си го тој товар, барем понекогаш. Треба да има моменти кога ќе кажете: „Го направив ова петпати по ред и не разбирам зошто ти не можеш да го направиш“.
Дали сте од оние луѓе кои секогаш даваат 100% од себе, се трудат премногу и имаат големи очекувања од себе?
Ако е така, може е добро некогаш да забавите.
Знаци дека треба да престанете да се трудите толку многу во животот (и ќе ви биде подобро):
Вашите односи ве влечат надолу.
Прашајте се дали навистина уживате во времето поминато со таа личност или, пак, помислата на средба со неа ве исполнува со вознемиреност.
Имајте на ум дека луѓето со кои најчесто се дружите влијаат на вашиот целокупен живот.
Се вели дека вашиот поглед на свет – дали сте среќни или негативни – ќе биде просек од петте личности со кои поминувате најмногу време.
Секогаш вие преземате одговорност.
Ако има здодевна задача што никој не сака да ја заврши, дали секогаш вие сте тој што ја презема? Намалете си го тој товар, барем понекогаш.
Треба да има моменти кога ќе кажете: „Го направив ова петпати по ред и не разбирам зошто ти не можеш да го направиш“. Искреноста е важна.
Работите премногу часови.
Ако повремено работите подолго за да завршите важен проект, тоа е во ред. Но, ако премногу долгите работни денови станат ваша норма, мора да направите промена.
Работата е маратон, не спринт – ќе ја работите цел живот. Ако секогаш работите по 70 часа неделно, што му прави тоа на вашето здравје и односи?
Мора да најдете некој кому ќе му верувате како „десна рака“, за да можете да земете одмор или време за себе.
Повеќето луѓе стануваат покреативни и поиновативни кога не трчаат со 100 километри на час.
Вашето најдобро никогаш не е доволно добро.
Совршенството е сериозна опасност.
Не дозволувајте да се фокусирате само на грешките што ги правите. Почнете да си давате признание и да се чувствувате добро за сите работи што ги правите правилно.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





