9 знаци дека треба да престанете да се трудите толку многу (и ќе ви биде подобро)
Се споредувате со другите.
Може да биде колега што изгледа како да има совршен живот, или конкурент што има наводно совршен производ. Но, споредувањето со другите само ве спречува да напредувате.
Важно е да си кажете: „Ако ја работам мојата работа правилно, на долг рок ќе ми биде подобро“.
Постојано се обидувате да го задоволите вашиот партнер.
Ако секогаш вие правите компромиси, ако само вие кажувате „Те сакам“ и не добивате доволно емоционална поддршка, тогаш нешто не е во рамнотежа.
Секогаш ги ставате туѓите потреби пред вашите.
Не можете секогаш да ги ставате другите на прво место.
Одредете што ви е важно и што ве исполнува, и дајте си време за тие работи барем понекогаш.
Опседнати сте со успехот на вашите деца.
Загриженоста за децата е природна, но станува проблем кога почнувате да живеете преку нивните успеси и неуспеси.
Децата можат да се почувствуваат како вашата љубов да зависи од нивните резултати.
Имате премногу цели.
Имањето цели е добро, но не претерувајте. Некои луѓе сакаат да имаат 10% телесни масти, одредена сума пари, да бидат најдобри во својата работа и секоја сабота да прават нешто специфично.
Ако тоа сте вие, време е за кратење на листата. Имајте две деловни цели, една-две здравствени цели, една-две цели за односи, и можеби една или две духовни цели.
Најважното: Ако сакате да бидете среќни, создадете рамнотежа во секој дел од вашиот живот.
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





