Не многу удобни нешта кои ги избегнуваме, но кои ни го прават животот убав
Некои нешта и постапки ги избегнуваме во животот, бидејќи не се чувствуваме удобно додека ги правиме.
Истите тие, пак, кога ќе се случат, прават да го имаме животот под контрола. Можеби ве фажа паника, но клучот е во тоа да живеете онака како што другите не би, за да можете да бидете среќни.
Ова се неколку такви нешта:
Немање долгорочен план
Теоретски звучи супер да имате план каде би биле во следниве пет години, но и самите знаете нештата се менуваат со голема динамика и не можете да планирате многу однапред.
Да бидете сами и да не правите ништо
Можеби не можете да замислите ден без дружење, но ако решите еден ден да бидете сами, ќе сфатите дека најважно од сè е да бидете свои. Читајте, испијте кафе и медитирајте. Потоа вратете се на вообичаената агенда.
Признавате дека грешите
Најтешко е да се признае грешка, дури и кога сте биле уверени во вистинитоста. Но, ако признаете дека сте згрешиле, неубавото чувство ќе ве ослободи за многу побрзо време, отколку ако се удирате со главата во ѕид.
Анксиозност без причина
Се случува, не можеме да го избегнеме тоа. Она што можеме да го направиме е да не ѝ придаваме премногу значење, доколку е минлива, а доколку не е, да побараме соодветна помош.
И неодлучноста е одлука
Ако за нешто треба премногу да размислувате, тогаш одговорот е „не“. Имајте го ова на ум следниот пат кога ќе треба да донесете одлука, дури и ако исходот не ви се допаѓа многу.
Го ослободувате бесот
Бесот и лутината треба да излезат од нас, за да не нè уништат однатре. Не е страшно да ги чувствувате, страшно е да ги потиснувате.
Ги правите нештата бавно, но добро
Повеќе сакате да посветувате внимание на детали и на финеси, наместо само да ја завршите работата набрзина. Тоа воопшто не е лошо, само внимавајте на крајните рокови и на времето кое го имате на располагање.
Е. Д. | Црнобело