Постојат легитимни стравови како, на пример, страв од тероризам, но од каде потекнуваат стравови од епидемии, бегалци, технологија или одредени видови на храна? Гледано историски и на глобално ниво, живееме во услови на минимална агресија, суровост и насилство во општеството. Сепак, нашите ирационални стравови и понатаму постојат. Овие стравови се повеќе присутни кај луѓето кои се во лоша економска ситуација или се помалку образовани. Стравот е неопходна емоција која извршува една функција - предвидување на опасноста. Некои стравови се универзални и поттикнати од: недостаток на рамнотежа, темнина, силни звуци. Другите имаат врска со учењето: учиме да се плашиме од летање или од остри предмети. Проблемот се јавува кога стравот постои без вистинска опасност. Ова се нарекува анксиозност, а анксиозноста е најчестиот проблем во современото општество.