Што е „розова такса“ и зошто е поскапо да си жена?
Истражувањата со цврсти докази покажуваат дека во просек е 6 пати поскапо да си жена, отколку маж. Но, зошто?
Розовата такса е термин со кој се означуваат сите производи кои се речиси исти по состав, но некако магично во женска варијанта и опаковка се многу поскапи, отколку во машка.
Розовиот тротинет со кацига пример, може да чини двојно поскапо од „обичниот“ машки тротинет. Цените на женската детска облека во просек е поскапа за 3 до 13% во однос на машката.
Од останатите секојдневни продукти, споредбата е следната:
Долна облека за жени – 29% поскапа отколку за мажи
Блузи за жени – 13 до 15% поскапи отколку за мажи
Фармерки за жени – 10% поскапи отколку за мажи
Чорапи за жени – 3% поскапи од машките модели
Шампоните и останатите средства за бањање за жени – цели 48% поскапи отколку машките варијанти
Дезодоранс за жени – 3% поскап од дезодоранс за мажи
Пена за бричење за жени – 4% поскапа од машката
На што се должи ова поскапување на производите, само затоа што се за жени?
Понекогаш, има реални причини како наплаќање на времето и ресурсите кои се користат.
Ова важи на пример, за на фризер. Кај женските третмани се користат многу поразлични продукти, поради должината на косата се троши повеќе време, се користат фарби, преливи, силиконски капки и слични додатоци, покрај стандардното шишање кое мажите го преферираат.
Сепак, претежно е маркетинг. Жените се подготвени да платат повеќе за производ кој изгледа луксузно, за разлика од мажите.
Желбата на жените да изгледаат убаво е уште една причина зошто женските работи се многу поскапи од машките. Жените се чувствуваат должни да бидат негувани и дотерани.
Голема улога игра и начинот на кој жените донесуваат одлуки дали нешто ќе купат или не. Тие почесто купуваат импулсивно и се водени од моментални желби и краткотрајни потреби, додека мажите повеќе анализираат пред да потрошат пари.
Се согласувате дека е поскапо да си жена?
М. Д. | Црнобело