Бонтон правила кои треба да престанете да ги прекршувате до 30-тата година
Куцкањето на пораки за време на филмска проекција, но и за време на деловната вечера, дефинитивно ќе ве направи да изгледате како несериозен тинејџер.
Кои бонтон правила е крајно време да престанете да ги прекршувате до 30-тата година, за луѓето да ве сфатат сериозно?
- Престанете да споделувате непријатни приказни и ситуации при наздравување.
- Престанете „сочно“ да кивате во вашите голи раце.
- Престанете да користите марамче на маса за да го избришете носот.
- Престанете да го ставате телефонот на маса до чинијата.
- Престанете во секој разговор да вметнувате политичка тема.
- Престанете да користите емотикони во официјалните, деловни мејлови.
- Престанете да постирате сè што јадете и пиете.
- Не седете кога се поздравувате или ве претставуваат пред нов човек. Станете.
- Не заборавајте да одговорите на поканите за настани и собири.
- Не се појавувајте како непоканет гостин, без оглед на тоа колку некој ви е близок.
- Не ја спуштајте виљушката на масата среде јадење.
- Не му се обраќајте на шефот со „Еј!“
- Не зборувајте сè и сешто, само затоа што знаете дека другата страна ќе слуша од учтивост.
- Не ги оставајте слушалките во уши додека зборувате со некој.
- Не користете звучници на јавни места.
- Не куцкајте пораки за време на филм, посебно ако сте во кино.
М. Д. | Црнобело