Партнер кој глуми жртва, критичар: 7 токсични личности кои не ви требаат во животот

Во текот на нашите животи се среќаваме со многу различни типови на луѓе. Со некои се согласуваме и остваруваме цврсти односи, а со некои не. Цел живот воспоставуваме врски со луѓето во рамките на семејството, на училиште или на работа.

Sedum tipovi na toksicni licnosti koi treba da gi izbegnuvate 01

Многу луѓе влегуваат во нашите животи за да ги споделат моментите или годините со нас, но ова не гарантира дека засекогаш ќе останат со нас.

Понекогаш е тешко да се прекинат односите кои повеќе не ни носат придонеси, кои се истрошени или токсични. Треба да престанеме да ги собираме пријателите на Фејсбук и да почнеме да ги цениме луѓето кои навистина вредат.

Иако е сè индивидуално, психолозите направија листа на седум различни типови на луѓе кои можат да имаат негативно влијание врз нас.

Ова се 7 типови на токсични личности кои треба да ги избегнуваме:

1. Партнер кој глуми жртва

Постојат луѓе кои, кога ќе се соочат со проблемите, глумат жртви. Овие луѓе ја префрлаат сопствената вина на другите и ја избегнуваат одговорноста за сите лоши работи кои им се случуваат.

Проблемот е што ова глумење на жртва може да нè „зарази“ и нас со тага, фрустрација и апатија. Затоа е важно да научите да го прекинете овој однос на време.

2. Безобразен „братучед“

Сите некогаш сме се соочиле „братучед“ кој секогаш ни се јавува за да ни побара услуга, било да се работи за чување на дете или позајмување на алатки кои никогаш нема да ни ги врати.

Ова се луѓе кои секогаш бараат нешто од вас, но не знаат или не сакаат да одржуваат заемно корисни односи.

3. Критичар

Секој пат кога е со вас ги критикува сите заеднички познаници, а понекогаш ви се јавува за да ви ги раскаже најновите озборувања.

Иако сите понекогаш озборуваме треба да бидете внимателни со луѓето кои живеат туѓи животи, бидејќи не се задоволни со сопствените.

Sedum tipovi na toksicni licnosti koi treba da gi izbegnuvate 02

4. Злонамерен колега

Се работи за луѓе кои треба да ги избегнувате целосно. Овие луѓе се постојано бесни како да е целиот свет виновен за нивните неуспеси.

Не поднесуваат туѓ успех, труд и сила, бидејќи тоа ја намалува нивната вредност.

5. Шеф манипулатор

Иако забележувате дека се интересира за вас и секогаш ве слуша, треба да знаете дека постојат луѓе кои ги чуваат сите информации што ги примаат за да ги искористат против вас, доколку е тоа потребно.

Не треба да заборавите дека тој сè уште ви е шеф и дека треба да ја ограничите својата доверба во него.

6. Платонска љубов и нарцис

Вие сте тука за сѐ што им е потребно со надеж дека еден ден ќе бидете повеќе од пријател. Меѓутоа, секој пат кога ќе сакате да зборувате за себе, тие ќе ви зборуваат за сопствените проблеми и нема да ве прашаат како сте.

Таквиот тип на токсични луѓе не се грижат за другите луѓе.

Ваквото однесување е карактеристично за луѓето кои мислат дека се над другите и дека се подобри од другите. Затоа ги преувеличуваат своите таленти и очекуваат да им се восхитувате и да им завидувате.

Sedum tipovi na toksicni licnosti koi treba da gi izbegnuvate 03

7.Песимистичен колега од факултет

Тоа се луѓе кои гледаат потешкотии во сè. Се сомневаат и се плашат, создаваат несигурност и демотивираат.

На крајот се истрошени од негативноста, па на сè гледаат како на проблем, живеат во страв и никогаш не пробуваат ништо ново.

Тие не излегуваат од нивната комфорна зона и не дозволуваат другите да го сторат тоа.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg