5 квалитети поради кои сте магнет за токсични луѓе и манипулатори
Колку пати досега сте се запрашале зошто сте магнет за токсични луѓе, манипулатори и општо лица кои ве исцрпуваат?
Веројатно ги имате следниве 5 карактеристики и квалитети, поради кои лошите личности ве гледаат како нивна следна жртва:
1. Искрени сте и отворени
Токсичните луѓе бараат лица кои се лесни за манипулација, а вашата искреност и отвореност е она што ги привлекува.
Можеби треба да ја зачувате искреноста за малку подоцна во приајтелството и познанството.
2. Добар слушач сте
Способноста да слушате долго и внимателно е идеална за оние кои сакаат да си поигруваат со вашите мисли и емоции.
3. Имате позитивен став кон животот
Енергетските вампири бараат луѓе кои се позитивни, од кои може да се хранат.
4. Не жалите за потрошеното време
Знаејќи дека сте подготвени да ја оставите работата или семејството за нив, верувајте дека ќе го злоупотребат во секоја можна ситуација. Поставете здрави граници пред да биде доцна.
5. Смирени сте и релаксирани
Спротивностите ги привлекуваат токсичните луѓе, па бидејќи тие се постојано нервозни и брзи, им треба човек кој ќе им го балансира немирот.
М. Д. | Црнобело