Топ 5 најстари универзитети во светот
Центрите за високо образование постојат илјадници години, а некои дури и милениуми. Но не го издржале сите тестот на времето.
Со текот на годините многу од најстарите универзитети во светот се распуштени, поделени на автономни факултети или модернизирани. Старите институции кои останале се значајни, не само поради нивното историско наследство, туку и поради тоа што докажале дека можат да се адаптираат на современиот свет и да останат релевантни во светот на глобализацијата и покрај големата конкуренција.
Многу од најстарите универзитети во светот се едни од најпрестижните и најпопуларните факултети кои нудат богата комбинација на историско наследство и современи перспективи.
Ова се најстарите универзитети во светот:
Универзитет во Болоња
Универзитетот во Болоња е основан во 1088 и никогаш не престанал да работи, а ја држи титулата на најстариот универзитет во светот.
До неодамна овој универзитет имал само докторски студии, но денес има разновиден избор на катедри. Се наоѓа во Болоња, Италија, и брои околу 85.000 запишани студенти.
Универзитет во Оксфорд
Овој универзитет на својата листа на дипломирани луѓе има 26 премиери на Англија, 20 архиепископи во Кентербери, 47 добитници на Нобелова награда, од кои едниот бил и Стивен Хокинг.
Универзитетот во Оксфорд е подеднакво почитуван колку што е стар. Иако не се знае точниот датум на основање, се верува дека бил основан најрано во 1096 година.
Универзитет во Париз
Основан меѓу 1160 и 1250 година во Франција, Универзитетот во Париз, познат како „Сорбона“, се смета за еден од првите универзитети во Европа.
Универзитетот бил суспендиран помеѓу 1793-1896 година, непосредно пред Француската револуција, а денес е поделен на 13 автономни институции.
Универзитет во Кембриџ
Основан е од група научници во 1209 година, кои го напуштиле Оксфордскиот универзитет поради политички причини.
Имајќи многу заеднички традиции, Оксфорд и Кембриџ одржуваат здрав однос на ривалство кое се прикажува секоја година преку познатите веслачки трки.
Универзитет во Сиена
Се наоѓа во градот Сиена во регионот Тоскана. Овој универзитет е еден од најстарите во светот, а бројот на запишани студенти надминува 20.000.
Самиот градски центар е под заштита на УНЕСКО. Годишно овој град го посетуваат над 160.000 туристи кои сакаат да ја вкусат храната, да ја истражуваат уметноста, музеите и средновековното наследство.
Ашера | Црнобело