Тешко е да се биде праведен во еден неправеден свет

Колку пати сте помислиле дека не вреди да се биде добар човек, дека сè е против вас или дека добрите гестови никогаш не се ценат? Кога вашиот добронамерен гест не е примен правилно од страна на вашата околина чувствувате фрустрација и беспомошност, особено кога тоа се случува често. 

Kako da se bide praveden vo eden nepraveden svet 01

Сепак, луѓето кои сакаат да ги чуваат другите и да им помогнат да се чувствуваат удобно не треба да престанат да шират љубов и внимание, само затоа што нивната околина не обрнува внимание на тоа. Сите ја користиме хипотезата за „праведниот свет“ кога обработуваме одредени информации.

Често очекуваме да добиеме онолку колку што им даваме на другите, како да се работи за математичка операција. Мислиме дека секогаш ќе го добиеме она што го заслужуваме, но тоа не е така. Тогаш, како да се биде праведен во еден неправеден свет?

Луѓето, во многу ситуации, над правдата го ставаат својот личен интерес. Истите луѓе често ги казнуваат (свесно или несвесно) добрите луѓе, кога не прават разлика помеѓу добар гест и омраза.

Всушност, мислиме дека добрите луѓе ќе бидат наградени, а лошите казнети, но таквиот закон не постои во животот. Ваквите размислувања предизвикуваат преголеми очекувања од реалноста.Животот нè изненадува со своите случајности и спонтаности.

Животот не е праведен во оваа смисла. Постојат добри луѓе кои страдаат и лоши луѓе кои уживаат во овој свет. Без оглед на сè, тоа не значи дека добрината е нешто бесмислено, смешно или непрепознаено.

Добрината е неопходна за квалитетот на меѓучовечките односи.

Kako da se bide praveden vo eden nepraveden svet 02

Добрите луѓе воведуваат светлина во меѓучовечките односи. Никогаш не треба да се покаете што сте добар човек, само затоа што вашата добрина не е ценета. Секогаш ќе постојат луѓе кои ќе ги ценат вашите добри гестови.

Кога правите добро, бидејќи така се чувствувате, тогаш сте фер кон себеси и кон другите. Меѓутоа, ако сакате нешто од некој друг, секогаш можете тоа да го барате.

Можеби некој ќе се препознае во овој пример: Постојат луѓе кои се многу внимателни и нежни кон својот партнер само за да го добијат истиот третман од нив. Но кога партнерот нема да им возврати во иста мера се лутат и го обвинуваат за невнимание.

Понекогаш во огромната добрина може да биде маскирана манипулација која води до недоразбирање, расправии и непотребно трошење на енергија. Овие работи можат да завршат многу поедноставно, со кажување на намерата.

Kako da se bide praveden vo eden nepraveden svet 03

Ако сакате другата личност да биде внимателна кон вас тоа треба да го кажете и барате. Но треба да се има на ум дека можеби ова ќе го прават принудно и неприродно. Дали сакате такво нешто?

Можеби е подобро за нашето ментално здравје да прифатиме дека другата страна најверојатно нема да покаже благодарност каква што ние сакаме.

Да се биде искрено добар човек подразбира да не бараме нешто подеднакво вредно во замена, или некаква награда за нашето однесување.

Не треба да се плашите да бидете добра личност, добрината секогаш се враќа во форма на внатрешен мир.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...
Киви без семки и уште 8 навидум обични продукти од кои луѓето се изненадиле кога ги виделе Јајце без жолчка, тиква која 6 месеци изгледа исто без никакви промени – секојдн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg