Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да ги надминете личните предрасуди?

Не е секогаш лошо да имаме предрасуди, но само кога станува збор за опстанок. Иако оваа стратегија е ефикасна во одредувањето на опасност или ризик, истата е комплицирана кога станува збор за други видови на интеракции. 

kako-da-gi-nadminete-vashite-lichni-predrasudi-01.jpg

Свесно или несвесно, предрасудите што ги имаме за другите луѓе влијаат врз начинот на кој гледаме и комуницираме со светот.

Постојат два начини на кои можеме да ги надминеме предрасудите: да развиваме свест за предрасудите и активно да се обидуваме да го прошириме својот поглед на светот.

Научете како да ги надминете личните предрасуди:

Идентификувајте ја предрасудата кога ќе се појави

Предрасуда во основа значи пресуда однапред. Погледнете во вашиот живот и вашата секојдневна комуникација. Размислете за убедувањата и мислењата што ги создадовте за другите. Што е она што ги зајакнува овие предрасуди?

Истражувачите веруваат дека децата веќе во третата година почнуваат да ја развиваат својата приврзаност кон културните и расните групи на кои им припаѓаат, односно нивните групи, а несвесно имаат негативно мислење за сите други групи (кои не се нивни).

Некои од овие предрасуди се учат дома или во културната група. Другите се истакнуваат преку медиумите. Прифатете го фактот дека предрасудите се научени и дека можете да се лишите од нив преку различни образовни програми и семинари.

Naucete kako da gi nadminete licnite predrasudi 02

Променете ги вашите лични предрасуди

Применување на значајни промени, како што е трансформирање на нашите лични предрасуди, бара голема посветеност. Ќе мора навистина да сакате да ги смените тие убедувања со максимални напори и покрај тешкотиите или губењето на мотивацијата.

Обрнете внимание на она што си го кажувате

Ова важи за изјавите што ги изговарате во текот на денот. За да станете свесни за предрасудите што ги имате, треба да обрнете внимание на она што го зборувате. Слушајте ги своите мисли додека комуницирате со луѓето од други културни или расни групи.

За што размислувате? Какви докази имате дека вашиот суд е исправен?

Naucete kako da gi nadminete licnite predrasudi 03

Патувајте

Ако вашето гледиште за светот е сведено на една култура, можеби ќе ви биде тешко да гледате надвор од неа. Токму затоа патувањето е клучно во процесот на надминување на личните предрасуди.

Патувањето може да ви помогне да го промените вашиот поглед на светот, да дознаете нешто повеќе за различни групи на луѓе, за нивната култура и за нивните ставови.

Дружете се со луѓе од различни групи

Следен пат кога ќе имате можност да започнете разговор со некој кој не е дел од вашата група, направете го тоа. Оставете ги вашите убедувања зад себе и дозволете ѝ на таа личност да ви покаже каква е навистина.

Реагирајте на туѓите предрасуди

Кога некој познаник, пријател или член на семејството ќе создаде предрасуда за некој поединец, поради која било причина, (раса, етничка група, пол, сексуална ориентација, образование), спротивставете им се.

Бидете подготвени да научите работи за себе кои можеби нема да ви се допаѓаат. Сознанието дека можеби не сме толку либерални, колку што мислиме, може да биде прилично непријатно искуство, но вредно.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Фотки што ќе ве изнервираат: Ужасни патници во авион кои мислат само за себе Луѓе кои гледаат филмови без слушалки, па и луѓе кои јадат варени јајца во авион...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
6 знаци кои се доказ дека газите преку себе за да им удоволите на другите Знак бр. 1 - ве следи репутација на човек што „секогаш е тука да помогне“ по сек...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Најчести грешки во различни земји поради кои локалците веднаш ќе сфатат дека сте туристи Во Јапонија не е културно да се јаде на улица, жените во Турција на прекрстуваат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg