5 чувства кои не смеете никогаш да ги игнорирате

Кога луѓето велат дека го слушаат својот инстинкт, тие всушност мислат дека се водат од интуиција кога донесуваат важни одлуки.

5 cuvstva koi ne smeete nikogas da gi ignorirate 01

Сите имаме вродена способност да го слушаме нашиот внатрешен глас кој ни кажува дека нешто не е добро за нас, дека некоја личност има скриени намери или дека нашиот сон од детство, всушност, може да ни стане кариера.

Во принцип, можеме да го разбереме тоа неописливо чувството на интуиција што го имаме во одредени ситуации, таа болка во стомакот, ненадеен замор или силна желба да помогнеме некому.

Ова се 5 чувства кои не смеете никогаш да ги игнорирате:

1. Не се чувствувам добро

Ако нешто во нашето тело не работи треба да го слушате ова чувство пред да се влоши ситуацијата. Многу луѓе ги игнорираат суптилните знаци кои нивното тело им ги испраќа.

Вашето тело инстинктивно знае кога нешто е надвор од рамнотежа, а првите знаци на предупредување ви овозможуваат понатаму да истражите што не е во ред. Не двоумете се дали да одите на лекар ако вашиот внатрешен глас ви го „кажува“ тоа.

Нашето тело често комуницира со нас преку интуицијата.

Обрнете внимание на тоа како се чувствувате кога комуницирате со некого. Дали се чувствувате исцрпено, вознемирено или депресивно?

Овие чувства излегуваат на површината со причина - ако ја слушате вашата интуиција, можете да препознаете кои луѓе во вашиот живот ви ја цицаат енергијата, а кои ја одржуваат.

2. Оваа ситуација изгледа опасно

„Борба или бегање“, инстинктите нè предупредат за опасностите и нè тераат да реагираме. Иако нашите инстинкти не се без маани, треба да ги слушате, бидејќи можат да ни го спасат животот.

5 cuvstva koi ne smeete nikogas da gi ignorirate 02

3. Би требало да ѝ помогнам на оваа личност

Инстинктот не означува секогаш нешто негативно. Сите потекнуваме од ист „извор“, имаме директна врска меѓу нас и можеме да почувствуваме кога на некој му е потребна помош.

Ја поседуваме способноста да ја „читаме“ енергијата на другите луѓе со помош на изразите на лицето, говорот на телото или едноставно преку нашите емоции.

Дали забележавте дека сите нудат помош после природните катастрофи? Луѓето порано живееле од земјата и зависеле еден од друг за да преживеат. Некои собирале дрва за оган и засолниште, а другите барале храна.

Тие меѓусебно си помагале не само од потреба, туку и поради чувство на безбедност и заштита.

4. Ова ми оди добро

Претерано размислување за нешто може да предизвика проблеми што можеби не ни постоеле порано, особено кога станува збор за вашите природни таленти. Луѓето кои имаат посебни таленти често имаат проблем кога ќе треба да ги покажат.

Ова се случува кога посветуваме премногу внимание на своите мисли, наместо да дозволиме на нашите инстинкти да го преземат зборот.

5 cuvstva koi ne smeete nikogas da gi ignorirate 03

5. Ова чувство е добро

Без разлика дали ќе одлучите да ја промените професијата, партнерот или местото каде ќе живеете, вашата интуиција ја игра поголемата улога отколку вашето рационално размислување.

Кога треба да донесете одлука која ќе го промени вашиот живот, обично се потпирате на своите чувства. Размислете, сите ние сакаме да се чувствуваме добро, затоа ги додаваме или одземаме работите од нашиот живот.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Идеи за кул есенски фотки (број 1: лист како здолниште) Од позирање „преку“ лист на кој имате исечено срце до позирање со чадор од кои „...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg