Точното потекло на верување во натприродни суштества познати како Џинови, како ни етимологијата на нивното име, не е целосно решено. Џиновите се денес, благодарение на поп-културата (особено цртаниот филм Аладин), познати како „духови од магичната ламба“. Но во оригиналните верувања ретко се поврзувале со предмети како ламби, иако обично живееле во мали и темни места. Зборот џин е, всушност, арапска збирна именка која означуваа цела категорија на натприродни суштества од источниот фолклор, а еднина на овие именки е џини...