3 мрачни тајни кои секој човек ги крие
Апсолутно секој човек има работи кои ги задржува само за себе и кои дури би се засрамил ако другите ги дознаат.
Можеби сте сметате за отворена личност, но сигурно некои работи ги чувате само за себе.
Дали постои личност во животот на која сте ѝ кажале апсолутно сè?
Тајни кои секој човек ги крие:
Сексуални искуства
Не говориме за сексот со вашиот партнер, туку за тоа едно сексуално искуство кое посакувате никогаш да не се случеше.
Исто така, сигурно не ги раскажувате вашите најскриени сексуални фантазии од кои на моменти дури ви заруменуваат образите. Си помислувате дали би ве осудила околината за тоа.
Работи и луѓе кои ви се мета на омраза
Колку пати на себе имате насмевка, а во себе вриете поради тоа што едноставно органски не поднесувате одредени личности? Бесни сте поради нечии зборови, постапки, но сепак молчите.
Понекогаш дури помислувате дека сте вистинско зло од сите тие мрачни мисли кои ви паѓаат на ум за нив.
Одвратни навики
Не го правите тоа во јавност, но мора да признаете дека имате некои навистина одвратни навики. Понекогаш и самите се запрашувате како можете да го правите тоа.
Доколку некој случајно види што правите тоа сигурно би влијаело на добриот глас што ве бие.
С. С. | Црнобело