Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Project Manager 05-02-2025
Project Manager 05-02-2025
Project Manager 05-02-2025
QA Engineer 05-02-2025


Најубавите новогодишни честитки што може да ги испратите за 2025 година

Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ви посакувам многу смеа, љубов и успех во новата година. Да ја направиме незаборавна!

najubavite-novogodishni-chestitki-shto-mozhe-da-gi-ispratite-za-2025-godina-01.jpg

Нова година е поубава која ќе дочекаме со саканите.

А, на оние кои не се со нас, сите сакаме да им испратиме порака со убави желби.

Неколку предлози за новогодишни пораки за пријателите, семејството, колегите и партнерот:

За пријателите

Да наздравиме за пријателствата што ја прават секоја година поубава. Ти посакувам многу смеа, љубов и успех во новата година. Да ја направиме незаборавна!

За многу луди авантури, разговори до доцна во ноќта и незаборавни сеќавања во претстојната година. Среќна Нова година!

Ти посакувам година исполнета со радост, раст и безброј можности. Ти благодарам за тоа што си ми пријател. Среќна Нова година!

Нова година, нови почетоци, но истите ние! Заедно да продолжиме да го правиме животот една убава авантура.

Нека новата година ти донесе среќна, здравје и целиот успех што го заслужуваш. Среќен/а сум што имам пријател како тебе.

najubavite-novogodishni-chestitki-shto-mozhe-da-gi-ispratite-za-2025-godina-02.jpg

За семејството

Среќна Нова година до моето прекрасно семејство. Нека 2025-та ни донесе здравје, среќа и безброј заеднички моменти. Ви благодарам што секогаш сте мојата најголема поддршка.

До луѓето кои му даваат значење на мојот живот – среќна Нова година. Нека новата година ви донесе љубов и безброј благослови.

Ви посакувам радосна и успешна 2025 година. Да продолжиме да растеме заедно, да се смееме заедно и да се поддржуваме во авантурите што следат.

Семејство е сè, а јас сум пресреќен/на што вие сте моето семејство. Среќна Нова година!

Среќна Нова година мамо и тато! Вашите љубов и поддршка ми се најважното нешто. Се надевам дека 2025-та ќе ви донесе радост, здравје и сè што заслужувате.

najubavite-novogodishni-chestitki-shto-mozhe-da-gi-ispratite-za-2025-godina-03.jpg

За партнерот

Среќна Нова година љубов моја! Кога стрелките на часовникот ќе покажат полноќ, ќе се потсетам уште еднаш колку сум среќен/а што те имам покрај себе.

Среќна Нова година за љубовта на мојот живот. Секој ден со тебе е благослов и едвај чекам да видам што ни носи новата година.

Уште една година радост со тебе. Да наздравиме за многу моменти на љубов и смеа заедно. Среќна Нова година мој/а сакан/а.

Ти си ми светлина во најтемните денови и моја карпа во секоја бура. Ти посакувам среќна година.

Да наздравиме за уште една година полна со љубов. Нека 2025-та нè направи посилни и посреќни.

najubavite-novogodishni-chestitki-shto-mozhe-da-gi-ispratite-za-2025-godina-04.jpg

За колегите

Ви посакувам среќна нова 2025-та! Нека оваа година ви донесе успех, нови можности и постојан раст.

Среќна Нова година! Ви благодарам за напорната работа и посветеноста во измината година. Да наздравиме за уште поголеми успеси во новата 2025-та.

Работењето со тебе е привилегија и се радувам за уште една година пред нас. Ти посакувам прекрасна 2025-та, исполнета со успех и среќа.

Среќна Нова година за највредниот и најпосветениот колега што го знам. Нека новата година ти донесе радост, среќа и заслужени успеси.

Како што влегуваме во 2025-та, благодарен/на сум за соработката и поддршката што ги споделувавме. Ви посакувам година на просперитет, успех и среќа!

najubavite-novogodishni-chestitki-shto-mozhe-da-gi-ispratite-za-2025-godina-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Пораки за Божиќ со кои може да им го честитате празникот на блиските Ако барате божиќни честитки и пораки, со кои ќе им го честитате големиот празник...
Без предрасуди и табу теми - Како треба да се однесува жената во 40-тите? Треба да сака со целата своја сила, да патува во светот, да си најде љубовник ак...
Два пропаднати брака, афера: Бурниот љубовен живот на Стивен Хокинг Стивен Хокинг не дозволил болеста да му претставува пречка во научната работа ни...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Се запознале додека биле заглавени во воз во Белград: Филмската љубовна приказна на Швеѓанка и Шкотл... Нина и Дерек се запознале во 1990-та, на воз кој два дена бил заглавен на станиц...
Идеи што да правите кога надвор врне (за да не ги поминете деновите во досадување) Направете си домашен пикник со ќебиња и вкусна храна со партнерот или пријателит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg