„Се вљубив во маж онлајн – братучетка ми се криела зад профилот“: Детали за најдолгата интернет измама

Кират Аси од Лондон девет години мислела дека е во врска со доктор кој го запознала преку Фејсбук. Но, бидејќи тој секогаш имал изговори за да не се сретнат во живо, таа почнала да се сомнева, за на крај да дознае дека зад профилот на докторот се крие нејзина братучетка…

se-zapoznavme-onlajn-mislev-deka-sme-par-po-9-godini-doznav-deka-bratuchetka-mi-se-krie-zad-negoviot-profil-detali-za-edna-od-najdolgite-internet-izmami-01.jpg

Зборот „кетфишинг“ (catfishing) се однесува на создавање лажен идентитет со цел да се измами некоја личност.

Измамникот користи лажни информации, неретко и од други вистински луѓе, со цел да ја наведе својата жртва да му верува и да создаде лажна пријателска или романтична врска со него.

Откако жртвата ќе почне да му верува на измамниот, тој може нагло да прекине контакт со неа, со тоа предизвикувајќи ѝ психичка и емотивна болка.

Но, може и да ги злоупотреби информациите што ги добил во доверба од жртвата.

Во ерата на интернетот, јасно е колку лесно може некој да „падне“ на ваква измама.

А, можеби најдолгата „кетфишинг“ измама траела дури девет години.

se-zapoznavme-na-fejsbuk-i-mislev-deka-sme-par-po-9-godini-doznav-deka-bratuchetka-mi-se-krie-zad-negoviot-profil-detali-za-edna-od-najdolgite-internet-izmami-07.JPG

Речиси цела деценија, жртвата – Кират Аси – верувала дека е во врска со маж по име Боби. Во реалноста, зад идентитетот на Боби се криела нејзина братучетка.

„Целата ситуација беше како бавно уништување на сè што имав.

’Боби‘ имаше влијание врз секој дел од мојот живот – мојата кариера, моите соништа, моите надежи, односот со моето семејство, моите пријатели, моите студии.

Можев да сретнам вистинска личност, да станам и мајка.

Но, многу повеќе настрадаа моето физичко и психичко здравје“, има изјавено Кират откако ја сподели својата приказна.

se-zapoznavme-na-fejsbuk-i-mislev-deka-sme-par-po-9-godini-doznav-deka-bratuchetka-mi-se-krie-zad-negoviot-profil-detali-za-edna-od-najdolgite-internet-izmami-03.JPG

Неколку детали за вознемирувачкиот случај:

Кират, која работи како радио водителка и самата ја сподели нејзината приказна, во 2009-та добила понуда за Фејсбук пријателство од маж по име Боби Џанду.

Водителката од Лондон забележала дека имаат заеднички пријатели, вклучувајќи и луѓе кои ја следат нејзината религија – сикизам.

Па, решила да го прифати.

se-zapoznavme-na-fejsbuk-i-mislev-deka-sme-par-po-9-godini-doznav-deka-bratuchetka-mi-se-krie-zad-negoviot-profil-detali-za-edna-od-najdolgite-internet-izmami-13.JPG

На почетокот, нивните онлајн разговори биле само пријателски. Боби ѝ кажал дека е кардиолог, но спомнал и дека е женет, а неговата сопруга е бремена.

По некое време, Боби почнал да ѝ се жали на Кират за проблемите во бракот, истакнувајќи дека сигурно ќе се разведе.

По ова, врската на Боби и Кират почнала да станува поинтимна, па девојката почнала да инсистира да се сретнат и во живо.

Низ годините, тие направиле неколку планови за да се видат во живо, но Боби секогаш имал изговори, и тоа мошне вознемирувачки.

se-zapoznavme-na-fejsbuk-i-mislev-deka-sme-par-po-9-godini-doznav-deka-bratuchetka-mi-se-krie-zad-negoviot-profil-detali-za-edna-od-najdolgite-internet-izmami-06.JPG

Првата средба ја договориле за ноември 2013 година, кога уште официјално не биле пар.

Но, тогаш Кират добила порака дека Боби бил застрелан и бил во кома.

На почетокот од 2014 година, Кират добила уште една порака – Боби починал.

Бидејќи веќе имала чувства за него, пробувајќи да се справи со загубата, Кират прифатила покана за Фејсбук група составена од пријатели на Боби.

Во групата биле зачленети 39 луѓе, за кои Кират неколку години подоцна ќе дознае дека се фиктивни луѓе, односно лажни профили.

se-zapoznavme-na-fejsbuk-i-mislev-deka-sme-par-po-9-godini-doznav-deka-bratuchetka-mi-se-krie-zad-negoviot-profil-detali-za-edna-od-najdolgite-internet-izmami-4.JPG

Неколку месеци по наводната смрт на Боби, Кират добила порака од него.

Ѝ кажал дека морал да си ја лажира смртта и бил ставен во програма за заштита на сведоци.

Наивна и вљубена, Кират не се ни посомневала во неговата приказна, а се согласила и дека се во романтична врска.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg