Познати писатели кои всушност биле многу чудни луѓе
Не е тајна дека сите писатели се малку чудни. Потребен е поинаков ум за да се создаде имагинарен свет во кој лесно можеме да се изгубиме. Понекогаш фикцијата излегува од страниците на книгата и влијае врз секојдневниот живот на авторот, и често е тешко да се направи дистинкција помеѓу имагинарните ликови и реалните личности.
Во оваа приказна ќе зборуваме за халуцинации и визии, за тортура, опсесии и нездрави фиксации. Овие работи можат да го направат животот неподнослив, а можат и да излезат на страниците на некои од најпознатите дела на литературата.
Научете нешто ново за вашите омилени писатели кои, всушност, понекогаш биле многу чудни луѓе со многу чудни навики:
Брам Стокер: теоретичар на заговор
Брам Стокер е таткото на модерниот вампир, најпознат по книгата „Дракула“. Стокер, покрај пишувањето, бил и масовен теоретичар на заговори. На пример, тој бил апсолутно убеден дека кралицата на Англија е измамник и маж.
Во своите дела ги објаснувал овие убедувања, а започнува со референца на некоја мистериозна тајна, спомената во разни историски извештаи, за владеењето на кралицата Елизабета. Тој сметал дека вистинската Елизабета умрела во детството, а потоа нејзината гувернанта ја замени со друго дете, поточно, младо момче.
Остатокот од животот на Елизабета, од нејзината улога на Кралица Девица до нејзините преференции да носи многу шминка и облека, беше внимателно измислена за да ја скрие вистината.
Маркиз де Сад: изопаченост, девијација и нежност
Сите имаат слушнато за озлогласениот Маркиз де Сад, писател кој пишувал за најексплицитни теми, толку мрачни и изопачени, што дури и денес не е лесен за читање. Самиот поим „садизам“ потекнува од неговото име. Тој бил толку контроверзен што неговото семејство го негирало неговото постоење до 1940 година, а во Франција неговите дела биле забранувани до 1957 година.
Кога истражувачите конечно почнаа да копаат по неговиот живот, открија некои прилично шокантни инциденти кои покажуваат каква личност, всушност, бил Де Сад.
Тој починал во лудница во 1814 година, а причината за неговото затворање била прилично темна. Првиот инцидент се поврзува со затворање на проститутка која ја мачел, а потоа ѝ плаќал да молчи.
Најчудниот инцидент се случи во Лакоста, каде што тој, неговиот персонал и неговата сопруга затвориле пет жени и еден маж, веројатно за остварување на сексуални фантазии. Според сите извештаи, односот на Де Сад и неговата жена бил сосема поразличен од овие фантазии. Тие имале многу нежен и грижлив однос.
Вирџинија Вулф: пацифистот од Абисинија
Познато е дека Вирџинија Вулф страдала од ментална болест речиси цел живот. На пример, нејзиниот живот бил исполнет со халуцинации во кои птиците ѝ пееле на грчки јазик. Но Вулф, и покрај овие пречки успешно делуваше на општеството.
На пример, еден ден, заедно со уште 5 пријателки, се облече во маж со лажна брада, по што се упати кон Лондон за да ја понижи Кралската морнарица. Маскирани како абисински кнезови, малата група успеа да прошета 45 минути во забранетата зона. Тоа е како некој во 21-от век да успее да влезе во НАСА, убедувајќи ги работниците дека е дел од кралското семејство на Атлантида.
Сер Артур Конан Дојл: лудиот спиритуалист
Шерлок Холмс е несомнено брилијантен карактер, како и Сер Артур Конан Дојл, кој, освен што пишувал за познатиот детектив, бил опседнат со окултизам и спиритизам. Дојл бил подготвен да ја прифати идејата за спиритуализмот како легитимна наука.
Неговата желба да верува во овие движења се роди од загуба, конкретно, тој изгубил најмалку 11 блиски членови на семејството.
Творецот на Шерлок стана толку ангажиран во идеите за окултното што на крајот се оддалечи од пријателите. Неговиот пријател, Хари Худини, не веруваше во ништо, додека Дојл веруваше дека Худини има натприродни моќи.
Чарлс Дикенс: канибализам и мртовечница
Дикенс бил фасциниран со мртовечници. Тој многу пишувал за она што се нарекува „привлекување на одбивност“, а голем дел од своето време го поминувал гледајќи ги мртвите тела. Тој, исто така, бил опседнат со скици и слики од канибали.
Труман Капоте: манијакални суеверија
Во текот на својот живот, Труман Капоте се бореше со многу суеверија. Тој се опишувал себеси како „фантастично суеверен“. Капоте бил опседнат со бројот 13, па често ги броел сите негови чекори, прескокнувајќи го бројот 13.
Никогаш не започнувал или завршувал проект во петок. Со себе секогаш носел безбедносно ќебе. Тој речиси никогаш не бил без него.
Ашера | Црнобело