5 начини да го подобрите вашето „гроги“ расположение наутро

Лошото и негативно расположение веднаш по будењето ви предизвикува стрес и ве прави непродуктивни на работа и тоа може да потрае и во текот на целиот ден.

5-nachini-da-go-podobrite-vasheto-grogi-raspolozhenie-nautro-01.jpg

Кога ќе се разбудите лошо расположени, многу е веројатно таа енергија да ја „влечете“ цел ден, па да доцни автобусот, да го истурите кафето или да сфатите дека сте го заборавиле паричникот дома.

Тоа ќе ви предизвика дополнителен стрес, но и ќе ви помогне да сфатите дека како го минете утрото, влијае врз тоа каков понатаму ќе ви биде целиот ден.

Некогаш тие мали „несреќи“ наутро се неизбежни, а и никој не очекува да се разбудите среќни и полни со елан кога алармот ќе заѕвони, но постојат начини како да спречите да бидете нерасположени цел ден.

Не ги проверувајте социјалните мрежи

Навистина времето побрзо минува ако ѕирнете што се случува на социјалните мрежи додека патувате кон работното место или кон училиштето/факултетот. Она што ќе го видите може да ви предизвика лошо расположение уште наутро, особено ако има лоши вести од светот или ако некои луѓе кои не ви се омилени, отпатувале во вашата дестинација од соништата.

Наместо тоа, носете со себе книга (доколку користите јавен превоз) и искористете го времето да се релаксирате.

Поставете позитивни цели

ДУри и да се чувствувате како да се лути и како да не сакате да станете од кревет, уверете се себе дека денеска е денот кога треба да направите нешто добро и продуктивно. Позитивното зборување има влијание и кога го применувате врз себе.

5-nachini-da-go-podobrite-vasheto-grogi-raspolozhenie-nautro-02.jpg

Слушајте подкаст или омилената музика

Пријатен глас кој го обожавате или омилената мелодија се добар начин да го започнете утрото. Музиката е важен дел од нашиот живот и во нејзе можете да уживате и ако пешачите, возите или сте во возило на јавниот превоз.

Постојат многу студии кои покажале дека музиката значајно го подобрува расположението, а со тоа и креативноста, ве инспирира и ви дава совршен ритам на денот.

Насмевнете се некому

Верувајте, насмевката има магична моќ. Секако, тоа не треба да го правите „манијачки“, туку кога се разминувате со некого во многу тесен простор или прашувате дали местото во автобусот е слободно.

Чудесно, но веднаш ќе почувствувате дека и вашиот, но и денот на другата личност е поубав и посветол.

Вметнете и физичка активност

Потрудете се некако да вметнете раздвижување, малку вежбање или каква и да е физичка активност во утринската рутина. Тоа е многу едноставно, а утринскиот воздух и сончевите зраци ќе ги зголемат нивоата на возбуда и ентузијазам.

Исто така, ако не ви оди ништо од ова, не обидувајте се сосила да си наметнете еуфорично расположение. Некои денови, едноставно, треба да ги одмуртиме и премолчиме и во тоа нема ништо лошо.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Кога денот ќе тргне на лошо: Ситуации од кои секој би доживеал мини нервен слом (фото) „Излегов на минусни температури за да си го продадам таблетот на договорено мест...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...
Хит прирачник како да си го уништите животот (слатко ќе ве насмее) „Не оди на доктор, игнорирај ги симптомите. Се чувствуваш уморно? Не грижи се, т...
7 секојдневни потсетници дека треба да се грижите за себе Простете си себеси ако не успеавте да станете личноста каква што посакувавте да ...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Фотки кои ќе ве утешат – Луѓе кои имале навистина лош ден Скршен клуч во брава, поплавен стан – ако имате лош ден, овие фотки можеби ќе ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg