5 ефективни начини со кои ќе ја надминете нервозата при јавни настапи и средби

Ако чувствувате голема вознемиреност и нервоза пред да излезете со пријателите, пред да одите на работа или состанок, ручек со вашите роднини или некое друго место со поголема група на луѓе, можно е да страдате од социјална фобија.

5-efektivni-nachini-so-koi-kje-ja-nadminete-nervozata-pri-javni-nastapi-i-sredbi-01.jpg

1. Полека навикнете се на толпата

Сè станува полесно после вежбање. Истото е со адаптирање на социјалните ситуации. Ако сте вознемирени во јавност немојте веднаш да се обидете да ги решите сите аспекти на овој проблем.

Почнете со помали цели. На пример, можете да се обидете да се концентрирате на разговор со само едно лице. Со ова ќе започнете процес на навикнување на присуство на други луѓе.

2. Избегнувајте кофеински производи

Кафето не е ваш пријател ако страдате од социјална фобија. Можеби мислите дека чаша кафе ќе ве подготви да се соочите со вашите стравови, но за жал ефектот е сосема спротивен.

Кафето, како и другите производи од кофеин (како што се газирани пијалаци или зелен чај), можат да го зголемат вашето ниво на стрес.

3. Од што навистина се плашите?

Кога чувствуваме анксиозност најчесто не размислуваме дали ова чувство е оправдано или не. Доколку ги анализираме последиците од најлошото сценарио, кое може да ни се случи во јавноста, ќе дојдеме до заклучок дека ништо толку страшно не може да ни се случи.

So ovie 5 efektivni nacini ke ja nadminete nervozata vo javnosta 01

4. Фокусирајте се на нешто друго или на некој друг

Понекогаш треба да се излезе од сопствената кожа и да не се биде толку преоптоварен со вистинските или фиктивните проблеми. Ако се ставите во кожата на другите луѓе, ќе откриете дека секој од нас има нешто што потенцијално може да нè направи несигурни.

Некој се бори со вишок килограми, другите се срамат од нивното минато, додека многумина не се задоволни од постигнатите резултати на професионално ниво. Совршеноста е надвор од човечкиот дофат.

5.Бидете горди на вашите мали победи

Наместо да бидете нервозни за нешто што сте го пропуштиле, бидете среќни што успеавте да се соочите со вашата социјална фобија. Ова ќе ја изгради вашата самодоверба и ќе ве охрабри за следните чекори.

Важно е да не се брзате и да не очекувате премногу. Ќе биде потребно извесно време пред да се почувствувате целосно ослободени од стравот, но предизвикот е надминлив.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Фото-докази дека некои луѓе се поголеми баксузи од вас и имаат полош ден од вашиот „Клучот ми паднал на паркинг полн со снег – кога сфатив, се вратив да го побарам...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg