Кои се древните корени на вегетаријанството?

Вегетаријанската исхрана стана многу популарна низ целиот свет во текот на последните децении. Историјата на овој животен стил и неговата основа за почитување на животинскиот свет и планетата ги има своите корени во долината на реката Инд и античката Грција.

Otkrivanje na drevnite koreni na vegetarijanstvoto 01

Вегетаријанството било познато и практикувано во античкото време. Всушност, се чини дека човештвото јадело поголеми количества на месо само во последните 1000 години. Пред тоа, потрошувачката на месото била мала. Ова се должи делумно на проблемите поврзани со ловот. Многу древни луѓе, исто така, имале поинаков поглед на светот.

Почитување на животните во Азија

Познато е дека праисториските луѓе ги жртвувале животните за време на ритуалите. Откривањето на животинските коски, исто така, покажува дека тие не биле вегетаријанци. Меѓутоа, со текот на времето некои луѓе почнаа да избегнуваат храна базирана на месо.

Древните списи сугерираат дека првата причина за оваа промена се должи на поинаква перцепција на животот и светот на животните.

Доказите сугерираат дека основачите на исхрана базирана на растенијата живееле во Азија. Еден од најистакнатите поборници за вегетаријанството бил царот Ашока (304-232 п.н.е.), кој се обидел да ги охрабри луѓето да се грижат за животните.

Otkrivanje na drevnite koreni na vegetarijanstvoto 03

Вегетаријанството најчесто е поврзано со две религии: хиндуизмот и будизмот. Иако во моментов некои следбеници на овие религии консумираат месо, вегетаријанството било дел од религиозните практики.

Во античка Јапонија, императорот Тему забрани јадење на месо на диви животини. Јапонскиот народ најмногу јадел ориз со грав и зеленчук. Повремено биле послужувани и риби, но нивната национална кујна била речиси целосно вегетаријанска.

Вегетаријанство во античка Европа

Првите извештаи за вегетаријанците во Европа доаѓаат од Херодот, кој пишувал за луѓето од северноафриканското крајбрежје. Во 6 век п.н.е., вегетаријанската исхрана пристигнала и во Грција.

Познатиот филозоф Питагора пишувал за религиозното движење на „Орфиците“, кое промовирало аверзија кон јадење месо. Питагора бил еден од првите западни филозофи кои го промовирале вегетаријанскиот начин на живот. Неговите следбеници не морале да бидат вегетаријанци, но многумина биле.

Otkrivanje na drevnite koreni na vegetarijanstvoto 02

Филозофот познат како Емпедокле, кој живеел во 5 век, пишувал декларации поради кои станал радикален застапник за правата на животните и вегетаријанството.

Вегетаријанството во голема мера исчезна во Европа помеѓу 4-ти и 6-ти век. Се практикувало само во неколку ранохристијански редови кои, поради религиозните причини, забранувале јадење месо (но не и риба).

Вегетаријанството стана повторно популарно за време на ренесансата, а својата популарност ја има и денес.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
Жени со тенки усни, ниски мажи: 13 луѓе откриваат кои се „маните“ што всушност си ги сакаат „Не знам зошто постојано на пиедестал се ставаат луѓето со зелени или сини очи, ...
10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
16 луѓе чиј ден сигурно бил полош од вашиот „Испеков колач за годишнината од брак на моите родители, но брат ми успеа да го ...
10 луѓе кои сосема сами го претворија домот во пријатно катче за уживање (фото) „Се откажав од идејата да следам одреден стил за уредување и почнав да уредувам ...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg