3 нешта кои никогаш не е доцна да ги почнете, а ќе ве направат посреќни
Луѓето се многу добри во тоа да бидат строги кон себе. Лесно им е да си прибележуваат за нешта кои можеле да ги направат подобро, но и да се убедат дека е доцна за промени.
Но, еве една вистина: Ако нешто не сте направиле во минатото, тоа не значи дека сте си ја уништиле иднината. Секој ден е добар ден за да почнете одново, за да си поставите нова задача, за да ја почнете диетата или да вежбате, а можеби и поздраво да живеете генерално.
Ова се три нешта за кои никогаш не е предоцна да ги започнете, а кои ќе ве направат видно посреќни, поздрави и поуспешни:
Вежбајте, дури и ако тоа го правите првпат во животот
Без разлика колку години имате, не постои нешто што се нарекува предоцна за вежбање. Можете да бидете возрасна личност, но ако го одберете правилно спортот кој ви „лежи“, ќе се пронајдете, па дури е можно и да забележите значајни успеси во тоа поле.
Вистина е дека кога сме повозрасни тешко можеме да му дадеме приоритет на спортувањето, но дури и најмала физичка активност е подобра отколку седење дома на кауч, пред телевизор.
Дајте му приоритет на добриот сон
Животот е бурен и динамичен, особено откако ќе започнат обврските како што се студирање, дружење, работа, врска, а сето тоа проследено и со забава и социјализација. Некогаш решаваме да го жртвуваме она што најмалку треба да биде жртвувано - спиењето.
Најважно во животот е да воспоставите здрава спијачка навика во која ќе бидете сигурни дека квалитетно спиете, дури и ако тоа значи денеска да прескокнете едно дружење со пријателите или пак, да го одложите гледањето со саканата личност за утре.
Не заборавајте дека спиењето е клучен дел и од физичкото и од менталното здравје, па затоа и треба да воспоставите здрав циклус на сонот.
Да бидете благодарни
Тоа не мора да е нешто спектакуларно. Единствено потребно е на крајот од денот да се потсетите за што сè сте благодарни, било да е тоа добрата работа, хармоничното семејство, складната врска, како и сите ситници кои ве прават среќни и комплетни.
Со тоа што ќе покажете благодарност, макар и пред самите себе, ја подобрувате својата емоционална состојба. Тоа ве прави и поспособни да одржувате здрави меѓучовечки односи, но и самопочит и љубов кон себе. Луѓето кои ја практикуваат оваа рутина на заблагодарување се пооптимистични, побудни, полесно простуваат, но и се физички поздрави.
Е. Д. | Црнобело