9 предмети што никогаш не треба да ги купувате на старо, дури и ако некој ви ги нуди речиси бесплатно
Опрема за екстремни спортови
Опремата за екстремни спортови, како јажиња за качување, секогаш треба да биде нова.
Слично како шлемот, и оваа опрема некогаш е разлика помеѓу живот и смрт, па не е препорачливо да купувате веќе користена и истрошена.
Тастатура за компјутер
Денес можете да најдете добри тастатури по навистина ниски цени, па нема потреба да ги купувате на старо.
Ако ова не ве убедува, пробајте да ја истресете вашата тастатура и ќе забележите што сè ќе излезе од неа.
Токму тоа ќе го најдете и во тастатурата што ќе ја купите на старо.
Сложувалки
Во овој случај не станува збор за хигиена или безбедност, туку, едноставно, не можете да бидете сигурни дека од сложувалката нема да недостасува некое делче.
А, ова може да биде фрустрирачко откако ќе поминете неколку часови, па и денови во редење на сложувалката.
Микрофони
Без разлика дали професионално се занимавате со музика или само сакате да пеете караоке, никогаш не купувајте микрофони на старо.
Бидејќи, речиси невозможно е да ги исчистите и целосно да ги дезинфицирате од претходните сопственици.
Ќебиња и постелнина
И овде причината е слична како за душеците – на постелнината и ќебињата се акумулираат бактерии и остатоци од мртва кожа и сигурно нема да се чувствувате најпријатно ако спиете со нив, без разлика колку пати ќе ги исперете.
Спирова С. | Црнобело