9 предмети што никогаш не треба да ги купувате на старо, дури и ако некој ви ги нуди речиси бесплатно
Слушалки, душек и опрема за екстремни спортови се само дел од работите што никогаш не треба да ги купувате на старо. Што друго спаѓа во оваа категорија?
Најмногу од хигиенски причини, но некогаш и од безбедносни, постојат многу работи што не би требало да ги купуваме на старо.
Девет од нив во продолжение:
Слушалки
Не е препорачливо ниту еднаш да употребите туѓи слушалки, уште помалку да ги купите на старо.
Слушалките, посебно малите кои се ставаат во увото, се одличен начин да си пренесете бактерии од некој друг, па секогаш купувајте нови.
Шлем
Шлемот може да значи разлика помеѓу живот и смрт за време на сообраќајна несреќа, па важно е да имате модел кој сигурно ќе ве заштити.
Ако купите шлем на старо, не можете да бидете сигурни колку е оштетен – можеби има пукнатини или други недостатоци кои ја намалуваат безбедноста што ја нуди.
Исто така, и кога купувате нов шлем не е препорачливо да ја изберете најевтината опција и секогаш давајте му предност на квалитетот.
Душек
На душекот се акумулираат илјадници бактерии и остатоци од мртва кожа. Па, сега размислете дали би сакале да спиете на душек купен на старо.
Дувачки инструменти
Факт е дека квалитетните инструменти се многу скапи, но ако свирите на дувачки инструмент, немојте да го купувате на старо.
Во текот на свирењето, во овие инструменти секогаш завршува многу плунка и без разлика колку ги чистите, не можете да бидете сигурни дека сте отстраниле сè од претходниот сопственик.