Постојано се извинуваат: Помалку очигледни знаци дека некој преживеал траума во животот
„Не им веруваат на луѓето, но и никогаш не се изненадени од туѓите постапки“.
Доста често, однесувањето на другите што можеби ни изгледа невообичаено е резултат на некоја траума што ја доживеале во животот.
Трауматичните настани, без разлика дали се поврзани со семејство, партнер или нешто друго, оставаат белег врз секого.
И, имаат и влијание врз нечиј карактер и начинот на којшто се однесува.
Кои се одликите на луѓе кои преживеале траума?
„Не бараат помош бидејќи многупати биле изневерени од други луѓе“.
„Како да имаат способност да си ги исклучат емоциите кога сакаат“.
„Многу се добри и дарежливи бидејќи знаат како е кога некој не го добива тоа“.
„Не им веруваат на луѓето, но и никогаш не се изненадени од туѓите постапки“.
„Држат дистанца од сите и никогаш не се отворени за своите чувства и емоции“.
„Не споделуваат ништо за себе бидејќи им е страв дека ќе биде искористено против нив“.
„Сакаат да им удоволат на сите, многу се извинуваат, самотници се“.
„Имаат нула толеранција за драма и токсично однесување. Без двоумење ќе напуштат некоја личност ако забележат нешто такво“.
„Ги ценат и најмалите работи во животот. Можат да бидат многу добри, но и да се ’исклучат‘ ако некој им ја премине границата“.
„Постојано ги прашуваат другите дали се добри бидејќи се загрижени дека ги повредиле“.
„Избегнуваат да го прославуваат својот роденден“.
„Знаат да користат сарказам и обично сакаат интелигентен, но и мрачен хумор“.
„Брзо наоѓаат заеднички јазик со други луѓе кои имале проблеми во животот, дури и пред да дознаат нешто за таа личност“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





