9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна
Обидете се да се сетите на секој успех што сте го постигнале во изминатата година и да го запишете... Колку време ви треба за да ги изброите сите денови кога и најмалиот успех ве расположил и ве мотивирал да бидете поистрајни?
Декември е последниот месец во годината, кога речиси сите подеднакво размислуваат за работите што ги постигнале и што сакаат да ги постигнат во текот на наредната година.
Иако во последниот месец сите имаме голем број обврски и брзаме да ги завршиме оние што ни заостанале, сепак, постојат 10 клучни работи што мора да се направат за следната година да ви биде уште поуспешна и посреќна.
Кои се тие?
Одвојте време за себе
Ова се наоѓа на прво место затоа што никогаш не треба да заборавите дека главен приоритет ви е да се грижите за себе и за сопственото здравје.
Закажете спа третман, одвојте време за да размислите кои се работите што навистина ве прават среќни и најдете начин да ги инкорпорирате во секојдневието. Не заборавајте и вие имате потреба понекогаш да ги наполните батериите.
Направете список со работите за кои сте благодарни
Ова може да биде одличен потсетник дека годината не била само лоша, туку дека ви се случиле и убави работи, што вреди да ги помните.
Вие сами одлучувате колку ќе биде детален тој список и дали ќе користите само зборови или и фотографии.
Направете список на сите работи што ги постигнавте
Ако седнете да го направите ова, ќе сфатите дека ниту самите не сте свесни колку голем број успеси сте постигнале. Тука не зборуваме само за големите успеси и унапредувања, туку и на оние малите, што понекогаш можат да ви го разубават денот.
Речиси никој не може напамет да ги запомни сите успеси што ги постигнал, а да не пропушти некој од нив.
Ако декември врз вас влијае депресивно и ве тера да помислите дека ништо не сте успале да реализирате, тогаш овој список сигурно ќе ве освести и ќе ве натера да почнете повеќе да ги цените и малите успеси.
Исчистете барем еден дел од животниот простор
Не мора да фрлите сѐ, но добро би било да исчистите барем еден дел од домот за да ви бидат и мислите посредени.
Ќе бидете изненадени колку може да се чувствувате подобро во мигот кога ќе одлучите да средите барем еден дел од животниот простор.