9 работи што треба да ги направите во декември, за следната година да ви биде поуспешна

Средете си ги финансиите

Иако ова е здодевно прашање, сепак добро би било да седнете и да размислите што треба да направите за следната година да ја завршите со заштеда, наместо во долгови.

Некогаш потребно е само да почнете повеќе да внимавате на тоа како ги трошите парите и да ги смените навиките. Некогаш и бесмислената разлика во цените на услугите може да придонесе многу, кога ќе се сумираат сите трошоци на годишно ниво.

10-raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-dekemvri-za-slednata-godina-da-vi-bide-pouspeshna-06.jpg

Почнете да размислувате за целите за следната година

Добро е да размислите за годината што поминала, но наместо да очајувате и да запаѓате во депресија, добро би било да се сконцентрирате на целите за наредната година.

Понекогаш е многу подобро кога имате пред себе зацртан план, отколку само да се обидувате да ги избегнувате сите непријатности и ненадејни ситуации.

10-raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-dekemvri-za-slednata-godina-da-vi-bide-pouspeshna-05.jpg

Изберете „мото на годината“

Сите имаме по некоја реченица или мото што може да ни помогне да излеземе од тешки ситуации и да ни даде сила да се избориме со предизвиците.

Кое ќе биде вашето мото за следната година?

10-raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-dekemvri-za-slednata-godina-da-vi-bide-pouspeshna-08.jpg

Направете си акциски план за да ги реализирате целите

Сите ние имаме цели во животот, што некогаш може да ни се чинат како далечен и неостварлив сон.

Обидете се да размислите кои чекори би требало да ги преземете за да ги остварите своите цели. Понекогаш соништата не се неостварливи, само немате добро утврден план за нивна реализација.

10-raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-dekemvri-za-slednata-godina-da-vi-bide-pouspeshna-09.jpg

Најдете време за да почнете нешто ново

Колкупати ви се случило да видите некоја активност и да посакате да научите да ја правите и вие? Можеби сакате да научите да плетете, да цртате, да изработувате нешто.

Ваквите активности на крајот од годината може да ви дадат „ветер во грб“ и да ве мотивираат следната година да бидете уште поуспешни и посреќни.

10-raboti-shto-treba-da-gi-napravite-vo-dekemvri-za-slednata-godina-da-vi-bide-pouspeshna-10.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg