Грешки што сите ги правиме во супермаркет (и непотребно трошиме повеќе пари)
Секој ден одите во продавница, наместо да испазарите за цела недела однапред и купувате на големо работи кои ги користите ретко – Со кои грешки непотребно трошите пари во продавница?
Веројатно не постои личност која не троши повеќе пари во супермаркет од планираното.
Постојат неколку грешки поради кои ова ни се случува на сите.
Дел од нив во продолжение:
Пазарите многу често
На повеќето неретко им се случува кога ќе влезат во продавница, да купат и работи што не им се потребни.
Што значи, ако секој ден влегувате во продавница, голема е веројатноста скоро секој ден да купувате непотребни работи.
Најдобро е да си направите список и да испазарите одеднаш за цела недела.
Потоа влегувајте во маркет единствено ако сте заборавиле нешто.
Купувате импулсивно
Најпрво, немојте никогаш да купувате храна кога сте гладни бидејќи е поверојатно да купите намирници кои воопшто не ви требаат и со тоа да потрошите повеќе пари.
Покрај тоа, пред да одлучите да купите нешто што го нема на вашата листа, добро размислете дали навистина ви е потребно.
Сигурно и вам ви се случило да купите нешто импулсивно и потоа да не го ни употребите.
Исто така, само затоа што нешто е на попуст, не значи дека мора да го купите ако сте свесни дека не ви треба.
Секогаш купувате на големо
Веројатно постојат намирници што ги користите најмногу во домот и во овој случај е во ред да купите поголемо количество одеднаш.
Но, кога станува збор за намирници кои немаат многу долг рок на траење и кои не ги користите секојдневно, нема потреба од огромни амбалажи.
Бидејќи, голема е веројатноста да ви се расипат и да треба да ги фрлите.