Грешки што сите ги правиме во супермаркет (и непотребно трошиме повеќе пари)
Судите само според изгледот
Точно е дека изгледот на овошјето и зеленчукот открива многу за нивната состојба.
Но, повеќето луѓе сакаат овие намирници да изгледаат убаво и не обрнуваат внимание на другите важни карактеристики на продуктот.
Притоа, важно и за што ги купувате намирниците.
Ако, на пример, купувате банани за смути или некој рецепт, како лепче со банана, тогаш е дури и подобро да земете некои со темни дамки.
Купувате однапред спакувани овошје и зеленчук
Барем кај нас, во повеќето маркети има опција сами да си ги избирате овошјето и зеленчукот.
И, ова е многу подобро отколку да купувате однапред спакувани.
Кога се во пластична кутија, не можете да бидете сигурни дека сите намирници внатре се свежи, а немате ни контрола над количеството.
Купувате на крајот од денот
На крајот од денот сите сме уморни, па пазарењето сигурно нема да ви биде забавна активност.
Што значи, нема да обрнувате многу внимание на она што купувате, а нема ни да уживате ов процесот.
Покрај тоа, навечер има и многу повеќе луѓе во продавниците.
Најдобро е да пазарите кога сте поодморени, како наутро за време на викенд.
Не носите свои кеси и торби за пазарење
Денес кесите се наплаќаат, но торбите за пазарење не се добри само за вашиот џеб.
Со нив драстично ќе го намалите отпадот од пластика и значително ќе ѝ помогнете на природата.
Спирова С. | Црнобело