Како изгледаат денес јунаците од најпознатите интернет мемиња?

Овие луѓе водеа сосема нормален живот, сè до моментот кога преку ноќ се здобија со огромна популарност.

kako-izgledaat-denes-junacite-od-najpoznatite-internet-meminja-3-3-01.jpg

За сето тоа беше потребна само една фотографија.

Ви ги претставуваме луѓето кои се здобија со ултра популарност, благодарение на интернетот:

1. Девојка – катастрофа

Оваа слика потекнува од 2004-та година, кога таткото Дејв ја фотографира својата ќерка Зое, а во позадина се случува вежба на локалната противпожарна единица. Фотографијата се здоби со популарност по објавата во „JPG Magazine“.

Kako-denes-izgledaat-junacite-od-najpoznatite-fotografii-03

2. Рап албум

Фотографијата е направена во 2011 година за потребите на рап групата „Beantown Mafia“, формирана од страна на Блејк Бостон. Подоцна тој признава дека фотографијата ја направила неговата мајка.

Kako-denes-izgledaat-junacite-od-najpoznatite-fotografii-04

3. Успешно дете

Семи Гринер стана популарен во 2007-ма година, откако неговата мајка Лени споделила слика од нејзиниот 11 месечен син. Со помош на популарноста на оваа фотографија, семејството успева да собере пари за трансплантација на бубрег на таткото на Семи.

Kako-denes-izgledaat-junacite-od-najpoznatite-fotografii-02

4. Несреќниот Брајан

Фотографијата се појави во 2012-та година. Фотографиран е ученикот Кајл Крејвен во неговото училиште. Фотографијата се здобива со популарност поради неговиот израз на лицето.

Kako-denes-izgledaat-junacite-od-najpoznatite-fotografii-05

5. Збунетата Клои

Малото девојче стана мега-популарно, од моментот кога нејзините родители ја објавија на YouTube „фацата“ на Клои, по реакцијата на нејзината сестра за изненадното патување во Дизниленд.

Kako-denes-izgledaat-junacite-od-najpoznatite-fotografii-07

6. Премногу опсесивна девојка

Леон Вокер стана популарна по објавата на YouTube видео, со кое го привлече вниманието. Станува збор за преработка на песна од Џастин Бибер.

Kako-denes-izgledaat-junacite-od-najpoznatite-fotografii-08

7. Сурово девојче

Малечката актерка Миа Талерико се здоби со популарност поради нејзината реакција на „сурова девојка“. Фотографијата е направена во 2010-та година, во рамки на комедијата „Good luck Charlie“.

Kako-denes-izgledaat-junacite-od-najpoznatite-fotografii-09

8. Незадоволната МекКајла

Во 2012-та година на Oлимписките игри во Лондон, американската гимнастичарка МекKајла Маруни е убедена дека го заслужува златото. Но, сепак мораше да се задоволи со сребро. Својата реакција не можеше да ја сокрие ниту при доделувањето на наградите.

Kako-denes-izgledaat-junacite-od-najpoznatite-fotografii-10

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарни јадења од ретро книги со рецепти (фото) Банани со сланина и кашкавал, пица во форма на лице која изгледа страшно… Сте ви...
„Мајката криеше дека детето има вошки“ - Фризери споделуваат приказни за најлошите клиенти „Пред многу време, морав да му ја измијам и скратувам косата на тинејџер кој се ...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Девојката што „умира од досада“, девојчето со злобен поглед: Која е приказната зад најпознатите меми... Колку пати сте го виделе (и споделиле) мемето од момчето што ѝ раскажува нешто н...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Најчудните растенија ширум светот (фото) Ако погледнеме малку подлабоко, ќе сфатиме дека природата е вистински уметник ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg