7 Работи кои ги научив од мојата мајка

Нашето животно богатство е мајката која упорно се труди да ни укаже на најдобрите можни начини за да успееме, а притоа никогаш не крева раце и не се откажува.

raboti-koi-gi-nauciv-od-mojata-majka-01

Колку повеќе старееме, толку повеќе ја почитуваме нејзината упорност и вложениот труд.

Колку повеќе старееме, толку повеќе си ги повторуваме лекциите на кои таа не научила.

Ова се едни од најважните:

Живеј со страст. Пронајдете го она што ве прави среќни, пронајдете ја вашата страст во животот.

Работи напорно. Стегнете ги забите исто како што таа ги стегнала, за да се искачи до врвот. Понекогаш полесно е да ја претрпите болката и да стигнете онаму каде што сакате, отколку никогаш да не се обидете.

Бидете подготвени да им помогнете на другите, без разлика дали тоа го бараат од вас или не. Честопати луѓето се плашат, или срамат да побараат помош. Понудете им го чувството на безбедност како што вашата мајка тоа го прави секој пат кога имате проблем.

Запознајте луѓе од сите сфери на животот. Во најлош случај, ќе научите нешто ново во животот од човек кој не го ни познавате. Во најдобар, ќе стекнете нов пријател. Ќе бидете горди што сте се обиделе да го запознаете.

raboti-koi-gi-nauciv-od-mojata-majka-1

Семејството е многу повеќе од крвна поврзаност. Без оглед дали имате големо или мало семејство – тоа е нешто најважно. Не значи дека некој кој не ви е крвно поврзан не може да влезе во семејниот круг. Семејството го градите вие, не е ограничено со крвната поврзаност.

Не плашете се да ги прифатите предизвиците. Кога станува збор за среќата, понекогаш таа подразбира прифаќање на многу предизвици. Исто како и вашата мајка што се соочила со нив низ животот, научете и вие.

Прави го она што е исправно, без оглед на тоа колку е тешко. На крајот на денот, вие сте оној кој треба да се погледне во огледалото и да види насмеано, среќно и искрено лице. Често пати е тешко да се направи правилната работа, но само така ќе уживате во правилните вредности на животот и ќе го почитувате својот карактер.

Би можело да ве интересира:

Колку светлото го менува изгледот на познатите градби во Македонија и светот? Кривата кула во Пиза, Ајфеловата кула во Париз, операта во Сиднеј се само дел од...
Зошто никогаш не треба да ја ставате облеката во хотелските плакари и фиоки? Ако сте од оние луѓе кои се подготвени за пакување на куферите во кое било време...
10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Луѓе кои не издржале ни половина година во брак откриваат зошто се развеле „Не јас, туку мој пријател се венча со девојка му бидејќи таа беше војник и треб...
Жена од Канада создава куќички за кучиња од LEGO коцки: „Имам неколку стотици илјади коцки и продолж... Лорета Квинси својата страст од детството ја претворила во нешто уникатно. Ло...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg