Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Data Analyst 21-03-2025


Оставете ги да плачат и уште 5 психолошки совети за утеха на блиските кои доживеале трагедија

Не ги спречувајте во плачењето - оставете ги да си ги испразнат емоциите. Не се плашете да зборувате со нив за немилиот настан ако сакаат да си ја отворат душата - и онака сигурно не размислуваат на ништо ведро. 

ostavete-gi-da-plachat-i-ushte-6-psiholoshki-soveti-za-uteha-na-bliskite-koi-dozhiveale-tragedija-001.jpg

Веројатноста е дека тешко ќе успеете да утешите некој кој тукушто минал низ огромна трагедија, како онаа што ни се случи во Кочани, бидејќи за нив моментално се чини како да не постои утеха. 

Но, доколку имате некој близок кој директно на своја душа ја почувствувал трагедијата, сигурно се обидувате да кажете некој утешен збор.

Во овие моменти потребно е да бидете исклучително внимателни и да не кажувате работи кои некој не сака да ги слушне или со кои ќе додадете сол на раната.

За психолозите тоа е цело научно поле во кое учат како да ги утешат и да им помогнат на оние кои се соочуваат со трагедија или загуба на близок.

Во продолжение споделуваме неколку психолошки совети кои може да ви бидат од помош:

Солзите се секогаш добри – не ги спречувајте

На многумина, кога ќе видат како некој плаче, им доаѓа да кажат „смири се, немој да плачеш“.

Но, запомнете дека плачењето е природна реакција кога нешто несреќно ќе се случи.

Затоа дајте им простор на блиските да се исплачат колку што сакаат и бидете им рамо за плачење, наместо да се обидувате предвреме да ги смирите и прекинете.

ostavete-gi-da-plachat-i-ushte-5-psiholoshki-soveti-za-uteha-na-bliskite-koi-dozhiveale-tragedija-02.jpg

Не се плашете да зборувате за несреќниот настан

Доколку личноста сака да зборува на темата, дури и ако тоа уште повеќе ја расплакува, не се обидувајте да ја менувате темата.

Подобро е за нив да си ги извадат емоциите, отколку да ги држат во себе.

Плус, во моментот, таа личност не може да размислува на ништо друго, па не се обидувајте со сила да зборувате за неважни и ведри теми. Дајте им шанса да си ја испразнат душата, но доколку не се подготвени на тоа, доволно е да бидете со нив дури и во тишина.

Опишете ја нивната блиска иднина и причините за живот

Многумина, по голема трагедија и загуба на саканите, чувствуваат дека повеќе немаат за што да живеат.

Пред сè, не им велете дека ќе помине, бидејќи нема да помине туку-така.

Претставете им ја реалноста за она што ги очекува во наредните денови – подготовка за погреб, документација, завршување правни обврски, и кога сето тоа ќе помине, реалноста повторно ќе ги удри силно и собори.

Потсетете ги дека е важно да одржуваат рутина во деновите за полесно да поминуваа низ нив.

Но, и на тоа дека треба да живеат и да бидат добри за своите други деца, за внуците, за зачувување на споменот на изгубените, за исполнување на нивните неостварени соништа, за впуштање во хуманитарни акции – зависно ситуацијата, охрабрете ги да продолжат со животот.

ostavete-gi-da-plachat-i-ushte-5-psiholoshki-soveti-za-uteha-na-bliskite-koi-dozhiveale-tragedija-03.jpg

Не заборавајте на децата, доколку ги имаат

Споделувањето лоши вести за загуба на сакана личност, е најтешко кога тоа се прави со децата.

Но, важно е да се биде искрен со нив и да им се каже вистината, па охрабрете ја вашата блиска личност да го направи тоа сама и да биде добра за детето.

Децата многупати се обвинуваат себеси за нешто, сами си ги поврзуваат парчињата од сложувалката иако мислите дека криете нешто од нив и во главата создаваат лоша слика.

Затоа, охрабрете ја личноста да биде силна за своето дете и да биде тука за него.

Прочитајте повеќе: „Како да им соопштите на децата за болест или смрт на близок член во семејството?“ со Ивана Хаџиванова - психолог, психотерапевт

Не прекорувајте, не прекинувајте во збор, не се мешајте

Вашата работа во овие моменти е да слушате внимателно што има личноста да ви каже, да бидете покрај неа, да ја држите за рака или рамо, без да ја прекинувате и да останете смирени независно што ќе каже.

Не ја потсетувајте вашата блиска личност на лоши избори од минатото, на работи кои требало да ги направи поинаку пред загубата или што било што ќе додаде сол на раната.

Само бидете тука за да ги ислушате, да знаат дека сте тука за нив, дека не се сами.

Потенцирајте ги силните страни на личноста

Во вакви ситуации, честопати ожалостените не можат да разберат зошто ова нив им се случува, зошто судбината е нефер со нив и почнуваат да се сожалуваат себеси.

Но, доколку тоа отиде предалеку, тие ќе станат зависни од сите останати и семејството нема да може да продолжи да функционира.

Обидете се да ја потсетите личноста дека е силна и храбра, нудете практична помош за да знаат дека не се сами и дека не е оставено само на нив, но дозволете и да бидат вклучени во сите активности на некој начин, за да се чувствуваат вредно.

Бидејќи, со претераното грижење за нив и правењето сè наместо нив, тие може да се почувствуваат уште полошо и покревко и ќе заборават дека длабоко во себе се силни и можат да се справат.

ostavete-gi-da-plachat-i-ushte-5-psiholoshki-soveti-za-uteha-na-bliskite-koi-dozhiveale-tragedija-04.jpg

Прочитајте и Работи кои НЕ треба да му ги кажете на некој кој тагува за смрт на сакана личност

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 совети како да престанете да се плашите од самотијата (и да пораснете како личност) Престанете да верувате дека еден ден некој ќе дојде да ве спаси, да ве извлече о...
9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете ...
„30.000 денари не се многу пари да ги имаш, но се многу пари да ги должиш“ и уште неколку корисни со... „За нешто што си го направил, можеш да бидеш вознемирен 5 минути или 5 месеци, н...
8 совети да позирате како модел (и да немате здодевни Инстаграм фотки) Ви се случило ли да ја уништите совршената фотографија поради гримаса? Или лоша ...
Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни „Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва...
Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежнос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg