Животни совети и лекции кои ги слушаме често, но не се секогаш корисни

„Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва“.

zhivotni-soveti-i-lekcii-koi-gi-slushame-chesto-no-ne-se-sekogash-korisni-01.jpg

Советите како „сè се случува со причина“ или „само биди свој“ звучат добро. И, иако можеби во некои ситуации се и релевантни, некогаш не се корисни и можат да направат повеќе штета.

На Редит, неколку корисници споделуваат кои животни совети и лекции, според нив, треба да престанеме да ги кажуваме.

Дел од советите во продолжение:

„Остани во лош брак за децата. Ако родителите не можат да се поднесат, децата не само што го гледаат тоа, туку и страдаат поради тоа и веројатно се обвинуваат самите.

Некогаш луѓето се многу подобри родители ако не се заедно“.

„Простувањето е нешто што луѓето го гледаат како идеал кон кој треба да се стремат сите. Но, не – некои луѓе не заслужуваат да им простите“.

zhivotni-soveti-i-lekcii-koi-gi-slushame-chesto-no-ne-se-sekogash-korisni-02.JPG

„Можеби многумина нема да се согласат, но не ми се допаѓа советот ’Никој не може да те сака ако не се сакаш самиот‘.

Јасно ми е зошто некои го споделуваат овој совет, но не сите можат да се сакаат себеси и им се потребни години работа за да успеат во тоа.

А, овој совет им вели дека не заслужуваат љубов бидејќи не се сакаат себеси“.

„Прави го она што сакаш, и парите ќе си дојдат. Во некои ситуации ова може да е вистина, но некогаш може да ви предизвика сериозни проблеми“.

zhivotni-soveti-i-lekcii-koi-gi-slushame-chesto-no-ne-se-sekogash-korisni-03.JPG

„Сè се случува со причина. Ова е ужасен совет за ситуација во која некој е жртва“.

„Само биди свој. Донекаде се согласувам со овој совет, но многу луѓе мислат дека поради ова, може да прават што сакаат без последици.

Сите мораме да си го приспособиме однесувањето во зависност од ситуацијата.

Следете ги вашите вредности и вашите цели, но тоа не значи дека можете да бидете злобни кон другите“.

zhivotni-soveti-i-lekcii-koi-gi-slushame-chesto-no-ne-se-sekogash-korisni-04.JPG

„Не ми се допаѓа советот ’живеј денес како да нема утре‘. Луѓето кои веруваат во ова се однесуваат неодговорно“.

„Животот станува подобар, и сличните совети.

Не, животот нема да стане подобар сам од себе и треба да се потрудите. Со овој совет само им се дава лажна надеж на луѓето“.

zhivotni-soveti-i-lekcii-koi-gi-slushame-chesto-no-ne-se-sekogash-korisni-05.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 луѓе кои направија корекции на лицето и се каат (фото) „Носот ми е скоро ист како пред операцијата - се каам што воопшто отидов под нож...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
Вистини што луѓето не сакаат (а мораат) да ги слушнат Колку повеќе барате луѓето да ве почитуваат, толку повеќе ќе ве гледаат „одозгор...
Низ илустрации: Видови токсични луѓе кои не ви требаат во животот Луѓе кои постојано се жалат, но и луѓе кои постојано бараат услуги – кои токсичн...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
13 фото-докази дека на некои луѓе сè во животот мора да им е како под конец Јаткасти плодови идеално подредени во посебна тегла, јајца наредени според нијан...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg