9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи
Влезете во продавница каде што има луѓе, а пред влезната врата од домот ставете пар машки чевли. Доколку мислите дека некој ве следи постојано, треба да пријавите и во полиција.
Сигурно не постои жена која барем еднаш во животот не помислила дека некој ја следи.
Во повеќето ситуации, овие мисли се поради страв, но некогаш инстинктот не нè лаже.
Кога станува збор за вашата безбедност, ништо не е претерување и секогаш е подобро да преземете нешто, отколку да ризикувате.
Ако, пак, мислите дека некој редовно ве следи во текот на денот, тогаш пријавете и во полиција.
Во меѓувреме, погледнете што можете да преземете за да се заштитите:
Влезете во продавница или банкомат во затворен простор
Ако мислите дека некој ве следи, секогаш треба да одите на место со луѓе, како продавница.
Овде можете да се обратите некому и да побарате помош.
Ако во близина има банкомат во затворен простор од вашата банка, во кој се влева само со картичка, можете да влезете и таму.
Банкоматите се со безбедносни камери и шансите некој да ве нападне се многу мали.
Одовде јавете се некому за да не одите сами до дома.
Снимајте го партнерот или друга машка личност за да одговорите на домофон
Кога сте сами дома (или ако живеете сами), препорачливо е да замолите машка личност која ви е блиска да се сними како вели „Кој е?“ или нешто слично.
Ако се сомневате дека некој ве следи, кога ќе ви заѕвони домофонот, а не чекате гости, одговорете со снимката од машкиот глас.
Со ова, личноста која можеби ве следи ќе помисли дека не сте сами дома или дека воопшто не живеете таму.
Немојте да се движите сами
Најдобро избегнувајте да се движите сами, особено навечер и на лошо осветлени места.
Оставете пар машки чевли пред врата
Со ова ќе делува како со вас да живее машка личност, што значи помали се шансите некој да се осмели да влезе во вашиот дом.