9 совети за безбедност за кога мислите дека некој ве следи
Носете лак за коса во чантата
Овој трик е за ако навистина се најдете во опасност.
Ако некој проба да ве нападне, испрскајте го со лакот за коса на лицето за да си дадете време да избегате.
И, не бегајте на темни места, туку движете се кон место со луѓе.
Одете во лифт наместо по скали
Ако се сомневате дека некој ве следи, лифтот е побезбеден од скалите бидејќи потенцијалниот напаѓач нема да може да ве стигне.
Подгответе ранец со неопходни работи за бегање
Ако се сомневате дека некој ќе се обиде да влезе во вашиот дом, важно е да пријавите во полиција.
Притоа, подгответе и еден ранец или торба со неопходни работи, во случај веднаш да треба да избегате од домот.
Во торбата ставете работи како паста и четка за заби, пари, документ за идентификација…
Ставете играчки или што било што прави врева пред влезната врата
На овој начин ќе слушнете ако некој влезе во вашиот дом, што, пак ќе ви даде време да реагирате.
Пренасочете ги поштенските пратки
Наместо домашната адреса, наведете ја вашата адреса на работа.
На овој начин потенцијалниот напаѓач потешко ќе ја дознае вашата домашна адреса.
Спирова С. | Црнобело