Совети и бон-тон правила со кои ќе ги избегнете незгодите на плажа

Не оставајте дупки на плажата ако вашите деца си играле и не разменувајте нежности со партнерот.

soveti-i-bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-izbegnete-nezgodite-na-plazha-01.jpg

Кога одите на плажа на којашто има и други луѓе, важно е да бидете свесни за нив.

Односно, да не се однесувате како плажата да е ваша и да почитувате некои едноставни правила, од учтивост.

Истовремено, треба да земете предвид некои работи со кои ќе ги избегнете непотребните незгоди на плажа.

Правила и совети што ќе ви помогнат во ова:

Немојте да носите долна облека како костим за капење

Костимите за капење и долната облека се направени од различни материјали со причина.

Долната облека не е најудобна за на плажа, особено ако планира да пливате.

Истовремено, навистина се познава ако облечете гаќи и градник наместо костим за капење, што не е најкултурно ако одите на плажа со многу луѓе, вклучително и мали деца.

soveti-i-bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-izbegnete-nezgodite-na-plazha-02.jpg

Не претерувајте со модни додатоци

Ова правило е повеќе за ваша удобност.

Освен очила и шешир, на плажа немате потреба од други модни додатоци.

Избегнувајте гломазен накит, па дури и прстени и слично што ги носите секојдневно, бидејќи можете да ги изгубите во песокот или во водата.

soveti-i-bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-izbegnete-nezgodite-na-plazha-03.jpg

Не се шминкајте за на плажа

Дури и водоотпорната маскара може да се растече ако поминувате многу време во (солена) вода и само ќе си создадете непотребен проблем ако одите на плажа нашминкани.

soveti-i-bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-izbegnete-nezgodite-na-plazha-04.jpg

Не ги хранете птиците

Ако почнете да ги храните морските галеби, тие ќе почнат да се собираат околу вас.

А, сигурно нема да се чувствувате пријатно ако над вас летаат птици кои чекаат да ви ја земат храната, некогаш и од уста.

soveti-i-bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-izbegnete-nezgodite-na-plazha-05.jpg

Не разменувајте нежности со партнерот

Колку и да сте вљубени, не е учтиво на плажа да се бакнувате и да се прегрнувате во непријатни пози со партнерот.

soveti-i-bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-izbegnete-nezgodite-na-plazha-06.jpg

Не оставајте дупки на плажата

Децата, но некогаш и возрасните сакаат да копаат дупки на песочните плажи.

Нема ништо лошо во оваа забава, но пред да си одите, задолжително закопајте ја дупката

Во спротивно, големи се шансите некој да не ја види, да падне и да скрши нога.

soveti-i-bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-izbegnete-nezgodite-na-plazha-07.jpg

Не собирајте сувенири од плажата

Во ред е да земете 2-3 школки или камчиња, но не претерувајте.

Ако сите туристи почнат да си полнат песок и да собираат цела торба школки и камчиња, ќе се наруши целата природна хармонија на областа.

Всушност, на многу плажи е дури и забрането да земате што било.

soveti-i-bon-ton-pravila-so-koi-kje-gi-izbegnete-nezgodite-na-plazha-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...
„Решив да немам деца, а колега ме понижи пред сите поради тоа - Како се справив со него?“ „Почнав да плачам и реков: Не можам да имам деца. Жената со која разговарав...
Правила и забрани кои жените Амиши мораат да ги почитуваат Не смеат да ја потстрижуваат косата и од нив се очекува да бидат домаќинки кои ќ...
Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
Низ илустрации: 8 докази дека децата денес и пред 50 години се разликуваат како небо и земја Порано децата знаеја како да си го поправат велосипедот или да направат куќичка ...
Работи кои може да ги најдете на попуст и е корисно да ги купите при крајот од летото Имате деца? Па, купувањето лулашка, лизгалка, трамбулина или други игр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg