Милијардери кои не успеаја да си ја купат слободата и завршија во затвор
Марко Музо
Марко Музо е милијардер од Канада чие семејство го стекна богатството со градежништво и во бизнис со недвижнини.
Во 2015-та, Марко предизвика сообраќајна несреќа во која загинаа три деца и нивниот дедо.
Тој бил под дејство на алкохол, а наводно се враќал од неговата ергенска забава.
На судењето, тој ја признал вината, по што доби 10-годишна казна затвор.
Сепак, беше ослободен во 2020 година, но не бидејќи поткупил некого, туку наводно бидејќи покажал каење за време на судењето.
Еике Батиста
Нафтениот тајкун Еике Батиста во минатото беше најбогатиот маж во Бразил, но моментално отслужува казна.
Тој е син на основач на групацијата EBX – конгломерат во нафтената индустрија.
Благодарение на групацијата, Еике стекна огромно богатство кое во 2012-та се проценуваше на 30 милијарди долари.
Но, се соочил со финансиски проблеми кога почнала да паѓа цената на бензинот и покрај тоа што немал профит, тој почнал и да се задолжува, а неговата бизнис империја да се распаѓа.
Очаен да ја спаси, Батиста почнал со нелегални и активности, вклучувајќи перење пари и поткуп.
Во 2018-та, тој доби 30-годишна затворска казна за поткуп на гувернер кој исто така беше казнет.
Батиста беше пуштен на домашен притвор, а потоа доби уште една казна, повторно за перење пари и поткуп.
Елизабет Холмс
Сите ѝ предвидуваа блескава иднина на Елизабет Холмс, која неретко беше споредувана и со Стив Џобс.
На 19-годишна возраст, таа се откажала од студиите на Харвард за да отвори технолошка компанија која се фокусира на здравјето.
Елизабет тврдеше дека нејзината компанија развила револуционерна технологија за тестирање крв и успеа да привлече многу инвеститори.
Со текот на времето, вредноста на нејзината компанија достигна дури девет милијарди долари, а Холмс беше прогласена за најмладата жена која сама станала милијардерка.
Но, подоцна се дозна дека нејзиниот тест воопшто не функционира и Холмс всушност ги лажела инвеститорите.
Во 2022 година, таа беше прогласена за виновна за измама и заговор и доби 11-годишна казна затвор.
Во текот на судењето, таа често ги менувала нејзините изјави, а и ја префрлала вината на други и наводно мали се шансите дека ќе биде пуштена предвреме.
Спирова С. | Црнобело