Стана најмладата милијардерка во светот со измами, доби 11-годишна казна затвор: Лудата приказна на Елизабет Холмс

Лажејќи дека има револуционерна технологија за тестирање крв која открива дури и рак, Елизабет Холмс убедила некои од најбогатите луѓе во светот да инвестираат во нејзината фирма. Еден период таа беше прогласена за најмлада милијардерка, но откако се дознаа нејзините измами, амбициозната измамничка си заработи 11-годишна казна затвор.

stana-najmladata-milijarderka-vo-svetot-so-izmami-dobi-11-godishna-kazna-zatvor-ludata-prikazna-na-elizabet-holms-01.jpg

Можеби периодов често гледате новости за Елизабет Холмс – поранешна извршна директорка на биотехнолошка фирма која почна да отслужува 11-годишна казна затвор.

Пред неколку години, Елизабет беше прогласена и за најмлада милијардерка која сама го стекнала богатството од страна на Forbes.

Но, Елизабет користела измами, по што Forbes го промени ставот и откри дека нејзиното богатство, односно вредноста на нејзината фирма е всушност нула долари.

stana-najmladata-milijarderka-vo-svetot-so-izmami-dobi-11-godishna-kazna-zatvor-ludata-prikazna-na-elizabet-holms-2_copy.jpg

Па, која е Елизабет и што направи за да си заработи цела деценија во затвор?

Елизабет Холмс е родена во 1984 година во САД. Нејзините родители биле моќни луѓе, а таа самата била амбициозна уште од најрана возраст.

Имено, во детството на сите им кажувала дека кога ќе порасне ќе биде милијардер, без разлика на сè.

stana-najmladata-milijarderka-vo-svetot-so-izmami-dobi-11-godishna-kazna-zatvor-ludata-prikazna-na-elizabet-holms-8_copy.jpg

Елизабет била одлична ученичка која се истакнувала над врсниците, а подоцна се запишала на хемиско инженерство на престижниот Стенфорд.

Во втора година, таа му предложила на еден од професорите да отворат фирма за биотехнологија и тој се согласил. Ова се почетоците на нејзината компанија Theranos.

Во име на фирмата, Елизабет поднела барање за патент за медицински апарат за тестирање крв. Станувало збор за уред кој се носи на раката и преку кој пациентот може да прима лекови, но и да ја следи својата крвна слика.

stana-najmladata-milijarderka-vo-svetot-so-izmami-dobi-11-godishna-kazna-zatvor-ludata-prikazna-na-elizabet-holms-10.jpg

На 19 години Елизабет се отпишала од Стенфорд за целосно да се посвети на компанијата.

Компанијата на Елизабет промовирала и тестови со кои може да се забележат состојби како рак и висок холестерол. Според неа, за овие тестови била доволна само една мала капка крв.

stana-najmladata-milijarderka-vo-svetot-so-izmami-dobi-11-godishna-kazna-zatvor-ludata-prikazna-na-elizabet-holms-02.jpg

Елизабет почнала да собира пари за фирмата и бидејќи нејзината идеја звучела револуционерно, без проблем нашла инвеститори. За краток период, Елизабет имала 700 милиони долари на располагање.

Сепак, таа имала услов за инвеститорите – да не им кажува како функционира нејзината генијална технологија, како и таа да го има последниот збор за што било поврзано со компанијата Theranos.

stana-najmladata-milijarderka-vo-svetot-so-izmami-dobi-11-godishna-kazna-zatvor-ludata-prikazna-na-elizabet-holms-14.jpg

Всушност, Елизабет била толку таинствена во врска со нејзината технологија, што секој кој влегувал во лабораториите морал да потпишува договор дека нема да каже што видел внатре.

Истовремено, посетителите секогаш биле придружувани од обезбедување, дури и кога оделе во тоалет.

stana-najmladata-milijarderka-vo-svetot-so-izmami-dobi-11-godishna-kazna-zatvor-ludata-prikazna-na-elizabet-holms-03.jpg

Елизабет била и строг шеф – нејзините асистенти лично проверувале кога секој вработен доаѓал и си одел од работа. За да ги мотивира да остануваат до доцна, таа почнала да служи вечера во канцелариите на фирмата.

Како што вредност на компанијата се зголемувала, Елизабет почна да го привлекува вниманието на јавноста и стана позната во светот на бизнисот.

Таа се појави на насловните станици на Fortune и Forbes, а држеше и панел дискусии со моќни луѓе како Бил Клинтон и Џек Ма.

stana-najmladata-milijarderka-vo-svetot-so-izmami-dobi-11-godishna-kazna-zatvor-ludata-prikazna-na-elizabet-holms-16.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Канаѓанка е рекордер во дарување крв – дарувала 118 литри во период од 59 години Џозефин од Канада првпат дарувала крв на 22-годишна возраст и до денес, на 81 го...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg