Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“
- Детали
- сабота, 27 јануари 2024
По 8 години живот во Плејбој палатата, Кристал добила лајмска болест, а било утврдено дека има труење на крвта од премногу мувла. Вдoвицата на Хју Хефнер, откри нови детали за животот со основачот на „Playboy“ и рече дека се кае што морала да има секс со 80-годишен маж, кого го запознала на 21 година.
Кристал Хефнер (34) ја објави книгата насловена „Only Say Good Things: Surviving Playboy and Finding Myself“, каде откри повеќе детали за својот живот во Плејбој палатата, но и за сексуалниот живот со нејзиниот сопруг.
Вдовицата која била 60 години помлада од својот сопруг откри детали што досега не беа познати за јавноста.
Таа отворено зборува дека Палатата воопшто не била таква како што многумина ја замислувале. Во двете „соби за игри“ насекаде имало кутии со шамивчиња, а таа се присетува дека иако влегувала таму, постојано се трудела да не допира премногу предмети.
Како што вели, на почетокот не ѝ пречело тоа што живеела во убавата палата, но потоа почнале да ѝ се отвораат очите.
„Со текот на времето сфатив дека оваа куќа воопшто не се чисти и дека има мувла насекаде. Со текот на времето сфатив дека е руинирана и одвратна“ – вели таа.
Таа вели дека во 2016-та година добила потврда и за лошите хигиенски услови, откако ѝ била дијагностицирана лајмска болест, а по анализата на крвта било утврдено дека долго време била изложена на отровна мувла.
„Целото време, куќата ме уништуваше на некаков начин. Сега ми го уништуваше здравјето, заради куќата се разболев“ – пишува Кристал.
Освен тоа, таа зборува и за сексуалниот живот со Хју, па вели дека тој воопшто не бил вешт во сексот, како што многумина сметале.
Според неа, нејзиниот сопруг се однесувал како веќе да му е здодеано и за време на индивидуалниот секс, но и за време на оргиите.
„Како Хеф само да се трудеше да го издржи она што некогаш му било забавно и секси“ – вели таа.
Според нејзиното сведоштво, тој само бледо гледал во огледалото на таванот, додека таа да седнела врз него.
„Изгледаше како да има помало сексуално искуство од тинејџерите со кои сум била пред него.
Веднаш ми стана јасно дека тој никогаш во животот не размислил како да задоволи некој друг“ – вели таа и додава дека никој не се осмелувал да му дава совети.
Прочитајте и Морале да имаат групен секс со него, не смееле да носат црвен кармин: Бизарните правила што ги следеле девојките на Хју Хефнер
Кристал откри дека Хју во последните години постојано земал лекови за еректилна дисфункција, па на крај останал глув на едното уво, а престанал да има сексуални односи во 2014-та година и таа вели дека тогаш почувствувала олеснување.
За потсетување, Кристал првпат била поканета да остане во Плејбој палатата во октомври 2008, а тие двајца се венчаа во 2012-та година.
Кристал беше во брак со Хју сѐ до неговата смрт во 2017-та година.
Таа неодамна рече дека сфатила оти никогаш не била вљубена во нејзиниот сопруг:
„Ми наликуваше на свет полн со успех и фантазија, но сите ние требаше да спиеме со маж на возраст од 80 години. Тоа има цена. Сѐ има цена“ – изјави таа.
Прочитајте и „Нè присилуваа да имаме односи со Хју Хефнер без заштита“: Плејбој „зајачиците“ откриваат нови вознемирувачки детали за Плејбој вилата
Б. С. Б. | Црнобело