5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како

За помалку од две години, бизнисменот Ејк Батиста изгубил богатство од 35 милијарди долари, а направил и долг од околу една милијарда.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-01.jpg

Повеќето мислат дека ако допрат до голема сума пари, ќе им бидат решени сите проблеми во животот.

Ова можеби донекаде е точно, но обично не помислуваме на друг важен детаљ – ако не менаџираме добро со парите, можеме да ги изгубиме сите, дури и ако станува збор за милијарди.

Неколку (поранешни) богаташи кои успеале да изгубат сè:

Ејк Батиста

Батиста потекнува од моќно семејство – татко му двапати бил министер за енергетика во Бразил.

Па, не е ни чудно што и самиот почнал да заработува со ископување гас и нафта.

Поддршката и конекциите на татко му му помогнале да изгради империја, па до 2012-та неговото богатство се проценуваше на 35 милијарди долари.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-02.jpg

Батиста беше меѓу 10-те најбогати луѓе во светот, но не се задржа долго на позицијата.

За помалку од две години, богатството му се намали на 200 милиони долари, за на крај да банкротира и наместо пари, да има долг од една милијарда.

Неколку фактори ја причинија пропаста на некогашниот милијардер – од влошувањето на пазарот за нафта и гас, до неколку лоши одлуки и лажни ветувања од негова страна.

Истовремено, тој се соочува со затворска казна за поткуп на политичари во Бразил.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-03.jpg

Џек Витејкер

Џек Витејкер од САД бил богат и успешен бизнисмен во градежната индустрија. А, во 2002 година, освоил џекпот на лото.

Сумата што ја освоил изнесувала околу 315 милиони долари.

Тој имал опција да ги добива парите постепено, или наеднаш. Се одлучил за втората опција, па поради даноците, останал со нешто повеќе од 113 милиони долари – сепак солидна сума.

Речиси веднаш, 10% од добивката донирал во добротворни организации, а основал и фондација за дистрибуција на храна и облека за сиромашни.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-04.jpg

И покрај добрината, Џек дефинитивно го следела лоша среќа.

Во 2003 година, тој оставил половина милион долари кеш во автомобилот и некој му ги украл.

Потоа, исчезнала неговата внука, за подоцна да биде најдена мртва. До денес не е познато кој е убиецот.

Покрај личните трагедии, Џек имал и сериозен проблем со коцкање и ги потрошил скоро сите пари, а на крај му изгорела и куќата која не била осигурана.

Починал во 2020 година, речиси без „скршен денар“.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Богати и славни личности кои биле без „скршен денар“ кога починале Витни Хјустон должела дури 20 милион на нејзината издавачка куќа, додека за погр...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
Дете кое исчезнало од училиштен двор и уште 3 нерешени мистерии од кои ќе ве полазат морници Хедер Тиг била грабната од плажа покрај река во САД, но и покрај очевидецот, до ...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg