5 (поранешни) богаташи кои ги изгубиле сите пари и како

Морин Оконор

Во периодот помеѓу 1986 и 1992 година, Морин Оконор била првата жена градоначалник на родниот град Сан Диего во Калифорнија.

Нејзиниот сопруг, пак, бил основач на популарен синџир ресторани за брза храна.

Во 1994-та, две години по завршувањето на нејзиниот мандат, сопругот на Морин починал.

Таа ги наследила неговите пари и нејзиното богатство изнесувало помеѓу 40 и 50 милиони долари.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-06.jpg

Но, Морин имала проблем со зависност од коцкање.

Изгубила над 13 милиони долари во казина, а потоа уште 2 милиона играјќи покер.

Според некои извори, успеала да направи долгови од скоро милијарда долари.

Па, се задолжила на многу места, ја ставила куќата под хипотека, а кога пробала да си ги исплати долговите, се открило дека направила и проневера со пари.

Подоцна била дијагностицирана и со тумор на мозокот, а во 2015-та била ослободена од обвиненија.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-07.jpg

Патриша Клаџ

Патриша била третата сопруга на Џон Вернер Клаџ – бизнисмен кој извесен период беше најбогатиот човек во САД.

По разводот во 1990 година, Патриша наследила солидна сума од сопругот, вклучително и огромна куќа со 45 соби, на имот кој често се користел за луксузни забави за богаташите.

Во 1999 година, Патриша веќе имала друг сопруг и со него одлучила да ја претвори куќата во винарија за луксузни вина.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-08.jpg

Но, и покрај огромното богатство, Патриша сепак немала доволно пари за да го финансира проектот.

Па, зела заеми во вредност од дури 65 милиони долари.

За жал, набрзо потоа САД се соочи со финансиска криза, па Патриша била присилена да ја продаде винаријата за практично ништо и со тоа изгубила голем дел од своето богатство.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-09.jpg

Ален Стенфорд

Ален Стенфорд од Тексас го стекнал богатството преку недвижнина, но и продавање животно осигурување.

Кога бил на врвот, „тежел“ 2,2 милијарди долари и во САД бил познат по раскошниот живот.

Но, подоцна се дозна дека тој не го стекнал богатството на легален начин.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-10.jpg

Покрај бројните проневери со пари, Ален стоел зад една од најголемите пирамидални измами во историјата со која наводно заработил неколку милијарди.

Моментално е во затвор каде што отслужува 110-годишна казна затвор, а го изгуби скоро целото богатство.

5-poraneshni-bogatashi-koi-gi-izgubile-site-pari-i-kako-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Се запознавме во суд додека чекавме да се разведеме и веќе 17 години сме заедно“: Неверојатни прика... „Сопругот сакаше да се разведеме по 7 години брак, а јас за да го испровоцирам, ...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
Фото-компликација: Предмети кои се користеле со години (и се „изедени“ од времето) Ѓонот на нови наспроти ѓонот на стари чевли, нож кој бил острен безброј пати, ск...
Токсичната врска на Марија Калас и Аристотел Оназис: Ја изневерил со Џеки Кенеди, јавно ја понижувал Познатиот грчки богаташ ѝ бил најголемата љубов на оперската дива Марија Калас, ...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Ретро кујнски апарати што нашите баби (веројатно) ги користеле Сте виделе ли миксер кој не работи на струја? А, сте виделе ли како изгледале не...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg