Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме

Аферата на принцот Ендру со актерка од еротски филм, но и двете афери на принцезата Дијана – Прочитајте повеќе за дел од скандалите со неверства во британското кралско семејство.

ljubovnite-aferi-koi-britanskoto-kralsko-semejstvo-saka-da-gi-zaboravime-01.jpg

Среде целата драма со исчезнувањето на Кејт Мидлтон, јавноста почна да се присетува и на наводната афера на принцот Вилијам со британскиот модел Роуз Хенбери.

Додека Кејт и Вилијам (и покрај гласините) важат за совршен кралски пар, факт е дека неверствата не се нешто непознато во кралското семејство.

Напротив, денес кралот Чарлс седи на тронот со некогашната љубовница покрај себе, која сега му е и сопруга.

Кои се аферите од поновата историја, кои кралското семејство сака да ги заборавиме?

Аферите на принцезата Ана

Добро познат факт е дека бракот на принцезата Ана – единствената ќерка на Елизабета и Филип – бил далеку од среќен.

Таа се венча со капетанот Марк Филипс во 1973 година, но наводно имале целосно одвоени животи.

А, и двајцата се изневерувале пред конечно да се разведат во 1992-ра.

ljubovnite-aferi-koi-britanskoto-kralsko-semejstvo-saka-da-gi-zaboravime-02.jpg

Парот има две деца, Питер и Зара, но во 1985-та Марк добил и вонбрачно дете од аферата со учителка од Нов Зеланд.

Во 1991-ва бил направен ДНК тест со кој се потврдило ова, па Марк и принцезата се разведоа набрзо потоа.

А, речиси веднаш по разводот, принцезата Ана се венча со Тимоти Лоренс, нејзиниот сегашен сопруг.

ljubovnite-aferi-koi-britanskoto-kralsko-semejstvo-saka-da-gi-zaboravime-03.jpg

Аферите на принцот Ендру

Ако ја игнорираме мистеријата со Кејт, како и заминувањето на Хари и Меган, може да се каже дека принцот Ендру е најскандалозниот член на кралското семејство.

Вториот (и наводно омилен) син на кралицата Елизабета, го поврзуваа со педофилот Џефри Епштајн, а обвинет е и за сексуален напад на малолетничка, поради што мајка му му ги одзеде сите титули.

Во 1980-тите, принцот се гледаше со актерка по име Ку Старк, која беше најпозната по еротски филм.

Нивната врска беше критикувана и од семејството и од јавноста, па наскоро се разделија.

ljubovnite-aferi-koi-britanskoto-kralsko-semejstvo-saka-da-gi-zaboravime-04.jpg

Во 1986 година, принцот се венча со Сара Фергусон и наводно воопшто не ѝ бил верен.

Според Сара, во првите пет години од бракот, тие се гледале само 40 дена годишно бидејќи Ендру постојано бил отсутен и наводно имал неколку афери.

ljubovnite-aferi-koi-britanskoto-kralsko-semejstvo-saka-da-gi-zaboravime-05.jpg

Неверството на Сара Фергусон

Но, ни Сара не му била верна на принцот – таа имаше афера со богаташот Стив Вајат.

Во 1992 година, во британските медиуми се појавија фотки од Сара и милионерот, по што таа и принцот се разделија.

ljubovnite-aferi-koi-britanskoto-kralsko-semejstvo-saka-da-gi-zaboravime-06.jpg

Но, кратко по разделбата, се дозна и за друга афера, повторно благодарение на фотки.

Во фотографиите објавени во британските медиуми се гледа Сара со бизнисменот Џон Брајан кој ѝ ги бакнува стапалата.

Иако ни Ендру не бил верен, британските медиуми до денес се шегуваат на сметка на Сара и фотографиите со бизнисменот.

ljubovnite-aferi-koi-britanskoto-kralsko-semejstvo-saka-da-gi-zaboravime-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Луѓе кои биле нападнати од сериски убијци и се спасиле Тед Банди е еден од најпознатите сериски убијци одговорен за смртта на над 30 же...
10-те најлоши дадилки во историјата: Им биле доверени деца, а тие извршиле сурови убиства Бети Смити од САД имала само 20 години кога била прогласена за виновна за убиств...
„Нема да се омажам за тебе“: 8 жени открија зошто ги одбиле своите партнери „Ме побара за сопруга и ми рече да си ставам тетоважа ‘приватна сопственост, заф...
Бурниот љубовен живот на Пикасо – имал стотици девојки, не бил верен на ниту една Две негови љубовници си го одземале животот, а две добиле нервен слом. На ниту е...
Попај навистина постоел, но не бил морнар и не јадел спанаќ - Како настанал омилениот цртан лик? Вистинскиот Попај бил силен, храбар и обожавал деца, но не бил морнар и не јадел...
Инцест и блуд, убиства и криминал - Факти за семејството Борџија, едно од најизопачените во светот Ова семејство е синоним за злосторства, скандали и разврат - брат и сестра биле ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg