Љубовните афери кои британското кралско семејство сака да ги заборавиме
Аферата на принцот Чарлс и Камила Паркер Боулс
Дефинитивно најпознатата афера во британското кралско семејство која, на крај, беше крунисана со брак.
Веројатно приказната ви е добро позната – Чарлс и Камила биле пар уште пред тој да ја запознае Дијана.
Но, Камила не била достојна за идна кралица, а и веќе била во брак, па Чарлс се венча со Дијана.
Сепак, тој ја продолжил врската со Камила, додека неговиот брак со Дијана се распаѓаше.
Во меѓувреме, и Камила беше во брак и го изневеруваше сопругот со Чарлс.
По смртта на Дијана, Чарлс и Камила постепено ја направија нивната врска јавна, за на крај да добијат дозвола од Елизабета да се венчаат.
Аферите на принцезата Дијана
Дијана била свесна за аферата на Чарлс и Камила, па решила дека и таа ќе тргне на своја љубовна авантура.
Во раните 1990-ти, случајно бил снимен телефонски разговор помеѓу Дијана и нејзиниот тогаш љубовник, Џејмс Гилби.
Снимките беа продадени на британскиот The Sun, по што целата јавност дозна за аферата.
Во интервју, пак, Дијана самата откри дека имала афера со британскиот офицер Џејмс Хјуит која почнала околу 1986-та.
„Тој ми беше добар пријател во многу тежок период и секогаш беше овде за мене“.
Аферата на принцот Вилијам
Низ годините се појавиле неколку шпекулации за наводните афери на принцот Вилијам, од кои најпозната е онаа со Роуз Хенбери.
Наводно, принцот го поминал ланскиот Ден на вљубените со неа, но нема никакви докази за ова.
Интересно е што некои извори тврдат дека аферите на Вилијам биле „јавна тајна“ во палатата и на Кејт не ѝ пречеле, сè додека не биле вклучени емоции.
Спирова С. | Црнобело