Фотошоп скандал, гласини за неверство – Наводната афера на принцот Вилијам сè уште е топ тема
- Детали
- среда, 13 март 2024
Со години Вилијам го обвинуваат дека ја изневерува Кејт со позната британска маркиза. Кралски автор тврди дека Хари бил „жртвено јагне“ за да се скрие аферата на Вилијам – зошто социјалните мрежи се преплавени со гласини дека Кејт Мидлтон и Вилијам се разведуваат?
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон во последните два месеци е топ тема на социјалните мрежи заради тоа што ненадејно се повлече од јавноста.
Официјалната вест е дека таа закрепнува од операција на абдоменот, но освен шпекулациите за нејзината здравствена состојба, на социјалните мрежи сѐ погласни се и тврдењата дека Кејт се повлекла затоа што на повидок е развод, а таа не може да се носи повеќе со аферата на нејзиниот сопруг што со години се крие од јавноста.
Кејт, Вилијам и Роуз Хенбери
Дополнително, на последната официјална скандалозна фотка од Кејт Мидлтон, за која и самата принцеза призна дека била фотошопирана и сакала да си „игра“ со уредување на деталите, речиси сите забележаа дека таа не го носи свршеничкиот прстен, наследен од мајката на Вилијам, принцезата Дијана.
Додека едни тврдат дека таа не го носи прстенот заради здравствени причини, љубителите на шпекулации, најавуваат дека на повидок е нов скандал во британското кралско семејство, кој со години наназад е во подготовка.
Како исчезнувањето на Кејт стана топ тема во медиумите?
Последното јавно појавување на Кејт беше на 25-ти декември минатата година кога со кралот Чарлс, сопругот и децата присуствуваше на божиќната миса во црква.
По ова Кејт ненадејно престана да се појавува во јавноста, па на 17-ти јануари прес-службата на Британското кралско семејство објави дека принцезата била хоспитализирана и дека итно требало да ѝ биде направена операција на абдоменот.
Но, на социјалните мрежи и на Твитер не стивнуваат гласините дека повлекувањето на Кејт можеби не е од здравствени причини, туку дека историјата се повторува и дека принцезата не може да се носи со фактот дека нејзиниот сопруг ја изневерува.