Исчезнала во „опседнат“ хотел, се однесувала чудно: Што се случило со Елајза Лем пред да ја најдат мртва во резервоар за вода?

Можеби се сеќавате на виралното видео од 2013-та од безбедносна камера во лифт, на кое се гледа девојка која се однесува чудно, па дури и застрашувачки. Девојката од видеото беше најдена мртва во резервоар за вода и до денес не се дебатира дали станува збор за несреќен случај или нешто поморничаво.

ischeznala-vo-opsednat-hotel-se-odnesuvala-chudno-shto-se-sluchilo-so-elajza-lem-pred-da-ja-najdat-mrtva-vo-rezervoar-za-voda01.jpg

Смртта на Елајза Лем до денес ја буни јавноста. Младата двојка исчезна во 2013-та, а неколку дена подоцна нејзиното тело беше најдено во резервоар за вода.

Во јавност беше споделено и видео од денот на нејзиното исчезнување направено во лифт, во кое Елајза се однесува навистина чудно.

Официјално, причината за нејзината смрт е давење.

Што знаеме за морничавата смрт на 21-годишната девојка?

Елајза Лем, чии родители потекнуваат од Хонгконг, живеела во Канада и планирала да се запише на Универзитетот во Британска Колумбија.

На почетокот од 2013-та, таа отишла на патување во САД, а на 26-ти јануари изнајмила соба во хотелот Cecil во Лос Анџелес.

Два дена Елајза делела соба со две девојки, но според адвокатот на хотелот, била преместена во посебна соба бидејќи цимерките се пожалиле дека „се однесува чудно“.

ischeznala-vo-opsednat-hotel-se-odnesuvala-chudno-shto-se-sluchilo-so-elajza-lem-pred-da-ja-najdat-mrtva-vo-rezervoar-za-voda-10.jpg

Пред да исчезне, Елајза била во публиката на снимањето на ток-шоу, но наводно била избркана поради лошо однесување.

На 31-ви јануари, 21-годишната девојка требало да оди од Лос Анџелес кон Санта Круз.

Но, тој ден родителите не успеале да ја добијат на телефон, па пријавиле во полиција, по што и самите се упатиле кон Лос Анџелес.

Тој ден, Елајза била видена од неколку вработени во хотелот кој изјавиле дека била сама и изгледала многу пријателски настроена.

ischeznala-vo-opsednat-hotel-se-odnesuvala-chudno-shto-se-sluchilo-so-elajza-lem-pred-da-ja-najdat-mrtva-vo-rezervoar-za-voda-09.jpg

Полицијата го пребарала хотелот, но нашле ништо, па околу една седмица подоцна почнаа да објавуваат нејзини фотографии во медиумите со надеж дека некој ќе ја препознае.

На 13-ти февруари, полицијата од Лос Анџелес објави видео благодарение на кое целиот свет дозна за исчезнувањето на Елајза.

Видеото, направено од безбедносна камера во лифт во хотелот, е последен пат кога Елајза е видена жива.

Видеото е од 31-ви јануари 2013 и на почетокот се гледа како Елајза влегува во лифт.

ischeznala-vo-opsednat-hotel-se-odnesuvala-chudno-shto-se-sluchilo-so-elajza-lem-pred-da-ja-najdat-mrtva-vo-rezervoar-za-voda-12.jpg

Вратата не се затвора, а таа неколкупати влегува и излегува од лифтот, а притиска и неколку копчиња.

Кон крајот на видеото, Елајза стои во ходникот пред врата на лифтот и прави чудни гестикулации со рацете, но јасно е дека е сама.

На крај, Елајза излегува од лифтот и вратата се затвора зад неа.

Кога ќе го погледнете видеото, ќе ви стане јасно зошто стана вирално, но и зошто разгоре бројни теории на заговор.

https://www.youtube.com/watch?v=_rfLSVIA0L0

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 работи што денес ни се смешни, а биле сосема нормални во минатото (фото) Во 1920-тите биле измислени здолништа за капење, но, многумина сметале дека овие...
Заглавен лифт, пожар – трикови што ќе ви помогнат да се спасите во најчестите опасни ситуации Ако ви се заглави лифтот, никако немојте да скокате со надеж дека ќе го придвижи...
Луѓе кои преживеале фатални авионски несреќи – Американец двапати ѝ „избегал“ на смртта Кога авионот почнал да паѓа, Анет изгубила свест. Следното нешто на коешто се се...
Родила 2 деца од мажот што ја киднапирал, ја нашле по 18 години: „Украдениот живот“ на Џејси Дугард Цели 18 години Џејси Дугард од САД ги поминала во заробеништво – била чувана во ...
„Маж плати за да не ѝ кажеме на сопругата дека ја изневерува“ – Келнери сведочат за најчудните роман... Маж што им плаќа на келнерите за да не го издадат дека бил со проститутка, момче...
Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg