„Маж плати за да не ѝ кажеме на сопругата дека ја изневерува“ – Келнери сведочат за најчудните романтични состаноци

Маж што им плаќа на келнерите за да не го издадат дека бил со проститутка, момче кое подметнува сомнителна прашкаста материја на девојката… Келнерите имаат да раскажат голем број непријатни ситуации за време на романтичните состаноци. Прочитајте дел од нив.

mazh-plati-za-da-ne-i-kazheme-na-soprugata-deka-ja-izneveruva-kelneri-svedochat-za-najchudnite-romantichni-sostanoci-01.jpg

Келнерите не се тука само за да ве послужат со храна и со пијалак или да ви наплатат за услугата, многу често тие се сведоци на непријатните ситуации во коишто сте се нашле, а имаат да раскажат многу ситуации.

На Rеddit голем број келнери и бармени ги споделуваат најчудните состаноци на кои биле сведоци, а ние издвоивме дел од нив.

Погледнете на што сѐ може да бидат сведоци келнерите додека си ја работат работата: 

„Го однесов парот до масата. Мажот постојано беше на телефонот.

Кога требаше да ја послужам салатата, жената дојде во лобито и ме замоли да ѝ го спакувам оброкот за носење.

Си го плати својот дел од сметката и ми рече дека ова ѝ е прв состанок со мажот, што ѝ го наместила другарка.

Рече дека штом излезе ќе ѝ се јави и ќе ѝ каже дека веќе не сака да ја види.

Кога ја однесов вечерата на мажот што седеше на маса, ме праша каде е вечерата на неговата партнерка.

Тогаш му кажав што се случи. Тој цело време мислел дека таа е во тоалетот“.

mazh-plati-za-da-ne-i-kazheme-na-soprugata-deka-ja-izneveruva-kelneri-svedochat-za-najchudnite-romantichni-sostanoci-02.jpg

„Служев пар кој дојде во ресторанот каде што работев. Тоа им беше прв состанок. Откако го изедоа предјадењето, момчето доби дијареја и трчаше во тоалетот на секои 5 минути.

Имаше многу малку гости во ресторанот, така што сите забележаа и се смееја секојпат кога момчето ќе станеше. Навистина ми беше жал за момчето“.

„Работев како келнерка во ресторан. Еден маж доаѓаше секој викенд, понекогаш сам, а понекогаш со жена.

Еднаш го немаше да дојде неколку недели и кога се појави со нова жена во ресторанот, јас пријателски му реков: ’Еј, долго не сме се виделе‘.

Девојката ми упати смртоносен поглед, со којшто можеше да нè убие и двајцата.

Парот не разговараше за време на целата вечера, а јас не добив бакшиш“.

mazh-plati-za-da-ne-i-kazheme-na-soprugata-deka-ja-izneveruva-kelneri-svedochat-za-najchudnite-romantichni-sostanoci-08.jpg

„Бев келнер на новогодишна забава. Дојде еден пар. Момчето отиде до тоалет и се врати со телефонот на кој беше отворен Инстаграм профилот на неговата поранешна девојка.

Потоа почна да ја прашува дали тој е поубав од новиот дечко на бившата. Девојката се обиде да ја смени темата, но тој не се откажуваше:

’Јас мислам дека ти си поубава од неа, зошто не можеш да ми одговориш?‘

Во 2 часот по полноќ девојката во солзи стоеше пред локалот и ја чекаше мајка ѝ да дојде да ја земе. Навистина беше тешко за гледање“.

„Работев во сендвичарница. Влезе еден пар на состанок. Но, кога го видоа менито момчето дозна дека девојката е веган. Станаа и веднаш си заминаа“.

„Видов момче како се обидува да ѝ подметне прашок на девојката во чаша. Воопшто не се ни трудеше да се скрие.

Девојката отиде до тоалет, а јас ја расчистував масата до нив во пицеријата каде што работев.

Му викнав полиција. Не можев да дозволам нешто да се случи“.

mazh-plati-za-da-ne-i-kazheme-na-soprugata-deka-ja-izneveruva-kelneri-svedochat-za-najchudnite-romantichni-sostanoci-03.jpg

„Не беше состанок, но ситуацијата беше чудна.

Мажот дојде со проститутка и плати многу за пијалаци додека седеа на барот.

По неколку часа таа си замина.

Тој ни рече дека жена му доаѓа за да одат заедно на вечера и ни плати по 200 долари за да молчиме. Тоа е неверство со стил!“

„Работев како бармен и менаџерот ми рече дека еден маж сакал да му помогнам да ја запроси девојката, ми даде прстен и ми рече да ѝ го дадам со пијалакот.

Девојката дојде и нарача коктел, па го ставив прстенот на цевката и му го подадов на мажот. Тој клекна на колена, диџејот пушти романтична музика, а таа гледаше збунето.

Сите бевме изненадени кога му го фрли коктелот в лице на мажот и си замина. Подоцна ни раскажа дека тоа им бил втор состанок“.

mazh-plati-za-da-ne-i-kazheme-na-soprugata-deka-ja-izneveruva-kelneri-svedochat-za-najchudnite-romantichni-sostanoci-09.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бонтон грешки со кои несвесно го иритирате персоналот во ресторан (и им ја отежнувате работата) Со едно кафе, седите по неколку часа и одите во ресторан кога е очигледно дека с...
10 фотографии кои ќе ви го стопат срцето „Во нашето маало, некој непознат често остава мали подароци во плик за соседите....
8 ситуации кои може да ве извадат од такт додека сте на летување, низ илустрации Очекувате да запознаете згоден дечко на плажа, а наместо тоа ви приоѓа само маж ...
Бон-тон правила за прв состанок, со кои ќе оставите добар впечаток Знаете ли како културно да покажете дека сте независна девојка, без да го навред...
„Мајка ми се разболе од рак“: Разгалени (и богати) деца откриваат кога имале „судир со реалноста“ „Кога дознав дека струјата и водата доаѓаат со месечни сметки“ – „разгалени“ дец...
Застарени (женски) навики што ги научивме од мајките и бабите и треба да ги заборавиме Треба да носиме градник по дома, срамно е мажите да купат влошки за жените и мор...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg