Исчезнала во „опседнат“ хотел, се однесувала чудно: Што се случило со Елајза Лем пред да ја најдат мртва во резервоар за вода?
Дел од јавноста сметаше дека Елајза бегала од некој и пробала да се скрие во лифтот. Но, нема докази дека некој ја нападнал или повредил.
Според други, девојката била под дејство на дрога, но аутопсијата не покажала присуство на наркотици во нејзиното тело.
Трети беа убедени дека видеото е некаква монтажа и не е реално.
Кратко откако видеото излезе во јавност, се дозна дека Елајза имала историја со депресија и биполарно нарушување.
Според нејзините родители, кои ја криеле болеста на девојката, таа пиела лекови за проблемите со менталното здравје. Бидејќи некогаш не ги пиела лековите, неколкупати била хоспитализирана бидејќи халуцинирала.
Но, нејзините родители истакнаа дека Елајза немала суицидни мисли, ниту дека некогаш пробала да се самоубие.
Сепак, поради ова откритие, повеќето почнаа да веруваат во теоријата дека Елајза имала епизода предизвикана од проблемите со менталното здравје.
Но, додека можеби се доби конкретен одговор за однесувањето на девојката, никој не знаеше што ѝ се случило, сè до 19-ти февруари кога беше пронајдено нејзиното тело.
По исчезнувањето на Елајза, гостите во хотелот Cecil почнале да се жалат на нискиот притисок на чешмите. Кај некои гости, течела и темна вода, а дел пријавиле дека имала чуден вкус.
На 19-ти јануари, телото на Елајза беше најдено во еден од резервоарите за вода на хотелот.
Резервоарот беше испразнет и исечен за да можат да го извадат телото.
Извештајот од истрагата и аутопсијата беше објавен дури во јуни 2013-та. Според извештајот, телото на Елајза било голо, а во водата била облеката што ја носела во видеото од лифтот.
Немало докази за никаков напад или силување, ниту, пак, остатоци од дрога во нејзиниот организам.
Сепак, бидејќи во телото имало многу малку остатоци од лековите што ѝ биле препишани, надлежните заклучиле дека престанала да ги пие.
Па, како причина за смртта беше наведено дека се удавила, како и дека важен фактор било нејзиното биполарно нарушување.
Сепак, уште имаше неодговорени прашања.
Најпрво, не е познато како Елајза паднала во резервоарот. Сите резервоари биле затворени со тешки капаци и било невозможно Елајза самата да го отворила. Мажот кој ја нашол изјави дека капакот бил отворен кога го нашол телото.
Некои сметаат и дека резултатите од аутопсијата не се целосно точни бидејќи телото на девојката било во фаза на распаѓање. На пример, се дебатира дали можеби Елајза ги пиела препишаните лекови, но тие се раствориле додека била во резервоарот.
Наводно, и лицата кои ја правеле аутопсијата не биле потполно сигурни дека смртта на Елајза е несреќен случај.
Најморничаво во целата ситуација е што хотелот веќе имаше репутација на „опседнат хотел“, долго пред смртта на девојката.
Од неговото отворање во 1924-та, во хотелот имало барем 16 мистериозни смртни случаи кои вклучувале убиства, самоубиства, но и нерешени случаи.
Околу хотелот кружат толку многу морничави приказни, што беше и инспирација за една сезона од популарната серија American Horror Story.
Спирова С. | Црнобело