Празен паркинг и уште 6 знаци дека е подобро да го напуштите хотелот, според вработени

Прегорените сијалици и прашината во лобито се само дел од ситниците што покажуваат дека можеби треба да најдете друг хотел, доколку е возможно.

prazen-parking-i-ushte-6-znaci-deka-e-podobro-da-pobarate-nov-hotel-spored-vraboteni01.jpg

Кога закажувате хотел онлајн или по телефон, не можете да бидете сигурни што ќе ве дочека, без разлика што на веб-сајтот сигурно има фотографии.

Но, кога ќе пристигнете, можете веднаш да воочите дали хотелот е (релативно) добар ако обрнете внимание на некои работи.

А, важно е да бидете свесни за овие работи и ако барате хотел на самото место.

Вработени во хотел откриваат на што треба да обрнете внимание:

Празен паркинг

Ако паркингот на хотелот е празен, тоа може да значи дека не е популарна локација.

Нормано, треба да ја имате предвид и сезоната и тоа дали го посетувате местото во атрактивен период.

Но, генерално, не е добар знак ако паркингот е речиси празен.

prazen-parking-i-ushte-6-znaci-deka-e-podobro-da-pobarate-nov-hotel-spored-vraboteni-02.JPG

Нема колички за багаж и никој не се нуди да ви помогне

Гостопримството е една од најважните работи за хотелите.

Па, треба да им понудат помош на гостите кога доаѓаат.

Ако не гледате колички за багаж или вработен кој им помага на гостите, тогаш не очекувајте многу добар третман во хотелот.

prazen-parking-i-ushte-6-znaci-deka-e-podobro-da-pobarate-nov-hotel-spored-vraboteni-03.JPG

Прегорени сијалици

Секогаш може да се случи да прегори некоја сијалица, но ако го забележите ова на повеќе места низ ходниците или лобито на хотелот, веројатно не се обрнува многу внимание на одржувањето на хотелот.

Ова значи дека во собата може да ве пречека нешто неисправно, па и скршено.

prazen-parking-i-ushte-6-znaci-deka-e-podobro-da-pobarate-nov-hotel-spored-vraboteni-04.JPG

Пред да тргнете на патување, не добивате брзи одговори од хотелот

Пред да закажете соба, нормално е да имате прашања.

Ако не добивате брзи одговори, ова може да биде предупредувачки знак бидејќи покажува дека на вработените не им е многу грижа за гостите.

prazen-parking-i-ushte-6-znaci-deka-e-podobro-da-pobarate-nov-hotel-spored-vraboteni-05.JPG

Прашина и нечист влез

Ако уште на влезот и лобито на хотелот забележите прашина и нечистотии, тоа е знак дека не се води многу грижа за хигиената.

Влезот и лобито се најпрометните делови во хотелот, па ако не се исчистени тие, веројатно не се чистат ни другите.

prazen-parking-i-ushte-6-znaci-deka-e-podobro-da-pobarate-nov-hotel-spored-vraboteni-6.JPG

Не ви бараат документ за идентификација кога ќе пристигнете

Рецепционерите мора да ви побараат документ за идентификација од безбедносни причини.

Доколку не го прават тоа, значи не се грижат многу за безбедноста во хотелот.

prazen-parking-i-ushte-6-znaci-deka-e-podobro-da-pobarate-nov-hotel-spored-vraboteni-07.JPG

Како е наместен креветот

Креветот е првото нешто што „паѓа во очи“ кога влегувате во собата, па очигледно е зошто треба да биде среден беспрекорно.

Ако креветот не е наместен како што треба, тоа може да значи дека хигиеничарите не обрнале многу внимание на остатокот од собата.

prazen-parking-i-ushte-6-znaci-deka-e-podobro-da-pobarate-nov-hotel-spored-vraboteni-08.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 работи кои парите не можат да ви ги купат во животот Достоинство, љубов... Потсетник дека најважните работи во животот не можат да се...
11 работи кои добрите луѓе не ги прават во животот Не манипулираат со емоциите на другите луѓе. Не ги изневеруваат и не ги лажат лу...
7 работи кои екстремно богатите луѓе ги купуваат (за да покажат дека се богати) Од екстремно скапи часовници до ретки уметнички дела, како богатите луѓе го пока...
9 работи кои секој ден ги земаме здраво за готово (а за кои треба да сме благодарни) Во Македонија како кукањето да ни стана навика. Ајде наместо да се жалиме, да се...
9 работи кои стануваат луксуз за средната класа, a пред 10 години беа лесно достапни Од одење во ресторан, на концерти и фризер до купување на дом, кои работи станаа...
Забавни и необични работи што можете да ги видите само во странство (фото) Знаете ли дека во Ница, Франција, има фонтана од којашто можете да си наполните ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg