Сите се сеќаваме на „Титаник“. Сигурно нема личност која не го гледала овој култен филм. А посебно онаа сцена на стариот пар, легнат во кревет, прегрнат, чекајќи да биде проголтан од ладната вода. Иако режисерот на филмот си земал слобода за да го изрежира тој момент, сепак стариот пар е инспириран од вистинска љубовна приказна. Онаа на Ида и Исидор Штраус.