„Среќниот крај не може да дојде во средината на приказната“ - Најубавите цитати на Питер Бигл

Питер Сојер Бигл (роден на 20 април 1939) е американски писател на фантастика и автор на романи, документарни филмови и сценарија. Покрај пишувањето се занимава и со музика. 

Golemite heroi trebaat golemi tagi ili polovina od nivnata golemina ke ostane nezabelezana najubavite citati na Piter Bigl 01

Својот прв роман „A Fine and Private Place" го напишал кога имал само 19 години, но најпознат е по својот роман „The Last Unicorn", кој е екранизиран како анимиран филм во 1982 година и се смета за модерен класик.

Бигл има освоено неколку награди за литература, вклучувајќи ја и Светската награда за животно дело.

Некои од најубавите цитати од книгата „Последниот еднорог“, можат многу да нè научат за животот:

„Големите херои требаат големи таги и оптовареност или половина од нивната големина ќе остане незабележана. Сето тоа е дел од бајката".

„Вистинската магија никогаш не може да се постигне со нудење на туѓ црн дроб. Потребно е да го откинеш сопствениот, без да очекуваш да го добиеш назад“.

„Ние не сме секогаш она што го гледаме, а речиси никогаш не сме она што го сонуваме“.

„Среќниот крај не може да дојде во средината на приказната“.

Golemite heroi trebaat golemi tagi ili polovina od nivnata golemina ke ostane nezabelezana najubavite citati na Piter Bigl 02

„Кога бев жив верував, како што и ти веруваш, дека времето е реално и стабилно како мене, веројатно и повеќе. Кажував „еден час“ како да можев да го видам, и „понеделник“ како да можев да го најдам на мапата; затоа брзав од минута до минута, од ден на ден, од година во година, како да се движев од едно до друго место. Како и сите други, живеев во куќа заѕидана со секунди и минути, викенди и новогодишни денови, и никогаш не излегов надвор, додека не умрев, бидејќи немаше друга врата. Сега знам дека можев да одам низ ѕидовите“.

„Што се однесува до тебе, твоето срце и она што го кажа или она што не го кажа, она ќе го памети и кога луѓето ќе бидат дел од бајките напишани од зајаци“.

Golemite heroi trebaat golemi tagi ili polovina od nivnata golemina ke ostane nezabelezana najubavite citati na Piter Bigl 03

„Би влегол во твојот сон, за да те чувам и да ги уништам работите кои те прогонуваат, но не можам да влезам доколку не ме сонуваш".

„Земи ме со тебе. За смеа, за среќа, за непознатото. Земи ме со тебе“.

„Она што може да умре е прекрасно, поубаво од еднорог кој живее вечно, кој е најубавото суштество на светот. Дали ме разбираш?“

„Мислам дека љубовта е посилна од навиките или околностите. Мислам дека е можно да се чувате за некого долго време и сè уште да се сеќавате зошто сте го чекале, кога тој конечно ќе дојде“.

Golemite heroi trebaat golemi tagi ili polovina od nivnata golemina ke ostane nezabelezana najubavite citati na Piter Bigl 04

„Не постои среќен крај, бидејќи ништо не завршува“.

„Постојат многу несогласувања во светот. Знаев дека си еднорог кога првпат те видов, и знаев дека сум ти пријател. Сепак, ме земаш за кловн или за предавник, па јас морам да бидам тоа, бидејќи ти ме гледаш така. Магијата фрлена врз тебе е само магија која ќе исчезне веднаш штом ќе се ослободиш, но илузијата на грешката која ја ставаш на мене ќе ја носам засекогаш во твоите очи“.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 цитати за менталното здравје (ќе ви дадат сила во мрачните мигови) „Запомни, даваш сè од себе, некои денови ќе бидеш супер продуктивен/а, некои ден...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
„Мурго и коската“ и уште 4 кратки раскази на Толстој кои носат големи мудрости Сите знаеме кој е Лав Николаевич Толстој, но дали знаете дека освен долги романи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg